2win800x200

„Нискоградба„ со отворен телефон за граѓаните

Јануари 04, 2019

„Нискоградба“ со отворен   телефон ги повикува  граѓаните  доколку имаат проблеми со снегот на улиците од прв и втор приоритет, но и според потребите да се јават во ова јавно претпријатие на  бројот  047  221 016 и да ги побараат службите да интервенираат.

Во текот на ноќта и утринава,  од  „Нискоградба“ информираат,  дека на улиците низ градот фрли над 100 тони сол и околу 80 метри кубни ризла, а нивната механизација  е на терен и продолжува чистењето на сообраќајниците. 

Снежната покривка утрово во Битола изнесуваше 24 цм, а врнежите продожија   и во текот на денот.

Метеоролозите за утре најавуваат сончево и студено време со северозападен ветер, температурата во Битола ќе падне до -11 степени, а максимлната ќе биде -4 степени.

И во слендите три дена не очекуваат поларни температури до -16 степени целзиусови. 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани