2win800x200

Битола под снежна покривка од 21 сантиметар

Февруари 05, 2020

Висината на снежната покривка изутринава во Битола достигна до 21 сантиметар. 

Минималната  температура  се спушти до  -1 во Битола. 

Времето денеска облачно, студено и ветровито со повремени врнежи претежно од снег ќе биде и во текот не денов. Во планинските региони и во западните делови дополнително ќе се зголеми снежната покривка, а вдолж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд, влажен снег и снег и помала снежна покривка ќе има само понекаде.

Поради силниот ветер кој ќе продолжи да дува и денеска (и над 80 км/час) ќе има услови за појава на снежни наноси.

Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени. Во Скопје облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од дожд и снег. Максималната температура ќе достигне 5 степени.

FB IMG 1580897102896

FB IMG 1580897117153

FB IMG 1580897122199

FB IMG 1580897127176

FB IMG 1580897102896

FB IMG 1580897095358

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани