2win800x200

Наградената Симеона Стерјева зборува англиски како да ѝ е мајчин јазик

Мај 17, 2018

Натпреварот беше светски, а таа единствената Македонка што успеа да се пласира меѓу победниците. 12- годишната битолчанка Симеона Стерјева, го освои третото место на светскиот натпревар по англиски јазик „Hippo 2018“ што се одржа во Лидо ди Јесоло во Италија на 12, 13 и 14 мај годинава. Оваа ученичка од Основното училиште „Гоце Делчев“, со чиј успех се гордее цела Македонија, англиски зборува како да ѝ е мајчин јазик.

 

„Успехот за мене претставува мотив за понатамошно учење и школување на англиски јазик. Посетувам приватни часови по англиски јазик од мојата петта година во приватното училиште ‘Big Ben’ во Битола, го изучувам јазикот и на училиште. Го сакам јазикот и зборувам англиски како да ми е мајчин јазик. Моја желба е да станам професор по англиски јазик на некој од познатите универзитети во светот“, вели Симеона Стерјева за Апла.мк.

Нејзин ментор  е професорката по англиски јазик Сашка Делова, вработена во ОУ „Гоце Делчев“ од Битола. Оав е голем успех зашто на Хипо натпреварот од цел свет учествуваа 22 000 натпреварувачи, а во финалето во Италија успеаја да се пласираат само 99. Симеона со постигнатиот успех се искачи на третото место. Деновиве социјалните мрежи се полни со честитки за нејзиниот успех, таа е гордост на нејзиното училиште, но и на целиот град. Ова е пример дека нашите ученици можат да се носат рамо до рамо со нивните врсници дури и од најразвиените држави во светот, дека можат рамноправно да се натпреваруваат со нив, па дури и да ги победат. Тоа се постигнува со талент, посветеност и напорна работа.

Пред светското првенство, Симеона зеде учество на меѓународен натпревар кој се одржа во Струга, Македонија. Ова е само дел од наградите и успесите што ги постигнувала на натпревари по англиски јазик.32779344 2092842824064029 7826788005229625344 n

(Симеона Стерјева со професорката Сашка Делова)

32767442 2092854614062850 6484275842334588928 n

(од натпреварот во Италија) 

32835375 2092857790729199 5281884689664049152 n

(со родителите) 

32802476 2092857820729196 2873861801433366528 n

(медалите и признанието од Хипо натпреварот) 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани