2win800x200

Семафор на повик за поголема безбедност на учениците

Септември 19, 2018

Дека улицата „Васко Карангелевски“ во Битола  е една од сообраќајните црни точки во градот, потврдуваат и  статистичките податоци на СВР Битола. Во периодот од 2003 до 2015 година на оваа улица потешко и полесно се повредени 38 пешаци, од кој голем број се деца. Речиси е невозможно безбедно да се помине улицата на пешачкиот премин кој води кон основото училиште „Елпида Караманди“, но и кон Дневниот центар за лица со пречки во развојот.

Токмуокму ова е причина Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола, во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, како и граѓанските здруженија „Граѓанска асоцијација“, „Емануил+“, „Ретки и различни“ и „Дел од сите“, да  отпочнат  кампања за зголемена безбедност на пешаците во сообраќајот „СТОП-сакам да поминам“ и иницијативата за поставување на семафори на повик на пешачкиот премин меѓу постојките кај Педагошка.  Идеата наиде на голема поддршка кај граѓаните, што покажува он лајн анкетата што ја спроведе „Геосфера“

-Дури 75 процети од анкетираните 770 граѓани од Битола, сметаат дека поминувањето на 4 ленти на улицата „Васко Карнгелевски“ од страна на учениците е крајно небезбедно, а 57 проценти од анкетираните како главна причина за небезбедноста на пешаците при поминување на пешачки премин ги посочуваат несовесните возачи, од друга страна дури 86 проценти од анкетираните смтаат дека со поставувањ на семафор со повика на пешачкиот премин меѓу двете постојки кај Педагошка,  во значителна мерка ќе се подобри безбедноста кај пешаците. Очекуваме стручните лица да дадат придонес во израбтката на елаборат за предложеното сообраќајно решение со што би се овозможило безбедно поминување на децата низ оваа улица, но и низ други улици во градот во близина на основните и средните училишта, рече Мите Ристов од „Геосфера“.

soobrakaj3

Гордана Угриновска, наставничка во ОУ „Елпида Караманди “вели дека иницијативата за поставување на пешачки семафот е идеја на родителите како дел од соработка наставник- училиште- родители.

-„Васко Карангелевски“ е една од пофрекфентните улици и за жал и јас бев еднаш ставена во сутација да не се испочитува моето прави и тоа на пешачки премин, такашто што останува за нашите деца кои секојдневно ја преминуваат улицата. Апелирам што побрзо да се реши проблемот , зошто и пешачкиот премин не е безбедно место за пешакот .Но потребна е внимателност и на пешаците кои учестуваат во предизвикување на такви несакани ситуации во сообраќајот. затоа мора зваемно да се реши порблемо со пешаците и возачите, рече Угриновска

gordana

И лицата со пречки во развојот се соочуваат со серизони проблеми и небезбедно минување на улиците низ градот, но велат дека најголем проблем е улицата  која води кон Дневниот центар. Токму затоа и тие се приклучија кон кампањата за подигање на свеста кај сите учесници во сообраќајот и иницијативата за поставување на семафор на повик

 

- Се случува на овој пешачки премнин возачите да не дозволат лицата со пречки безбедно да преминат преку улица, едноставно не ги забележуваат, а родителите се принудени да чекаат да минат возилата па да ја преминат улицата. Иста е сликата во целиот град, но овде е исклучително тешко безбедно да се премине улицата. Апелирам до сите возачи, помогнете им на лицата со пречки, немојте да им го отежнувате уште повеќе нивниот живот , изјави Вера Попчановска, од Здружението „Ретки и различни“

kola

 

Градоначалничката Наташа Петровска ја поддржува инцијативата напоменувајќи дека проблемот е детектиран и во неколку наврати дискутиран во Општината со цел изнаоѓање решение. Како можно решение се предлага поставување на вертикална сигнализација, семафори но сепак како што кажа Петровска тоа ќе им го препушти на стручните лица во Општината кои по детална анализа треба да излезат со најдоброто решение на проблемот.

-Не е само да се детектира проблемот, јас ова го имам поставено уште пред еден и пол месец во координација со „Геосфера“, факт е дека мора да се постават рокови, тоа ќе го направиме откако ќе ги добиеме сите досегашни анализи , сега би било паушално да фрлам од ракав некаков рок без да се соберат сите анализи, рече Петровска.

natasa

Низ градот има уште десетина вакви речицни точки во сообраќајот , ккао пешачките премиени кај хотелот „Епинал“, кај Стаклената зграда, кај Јавор и кај Симпо, кај Камен Мост за што Петровска рече дека Општина ги декетирала и овие локации за што најави дека и за нив ќе се бара решение на еден отворен начин и соработка со граѓаните,родителите, училиштата, невладините организации и локалната самоуправа

Денешниот настан е во рамките на Евроспки ден без жртви во сообраќајот, а Општина Битола, за првпат оваа година се вклучи во семејството на 2600 европски градови кои ја поддржуваат манифестацијата Европска недела на мобилност.

-Целта на денешниот насан е да го облжиме Европскиот ден без жртви во сообраќајот, со што сакаме да ги опомениме возачите, затоа што непрописното и несоодветното упавување на возилата може да предизвика несреќи со сериозни полседици, но и исто така, да ги опомениме и пешаците, велоспиетдистите, односно сите ученсици во сообраќајот дека нивната одговорност е поделена заедно со одговорноста на возилата. Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот денеска дава поддршката на кампањата што недомана ја започна регионалното географско друштво „Геосфера, тука сме да ја поддржиме интеграцијата на институциите и здруженија, со цел да се обезбеди основа за носење на решенија за подобрување на сообраќајната слика в градот. Но, и да ги опомениме здруженијата дека не треба да се избрзува со паушалн мерки, односно дека секое сообраќајно решение треба да се темели на детална анализа, посочи Јасмина Талевска од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.

jasmina

Покрај денешниот настан, во рамките на Европската недела за мобилност, во сабота ќе се одржи и манифестацијата „Ден без автомобили-детска велосипедска критична маса“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани