2win800x200

Концерти, изложби, филмска ревија и други настани во Центарот за култура во Битола

Јануари 25, 2019

Богата програма, со голем број настани најави на денешната прес конференција директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска Илијевски. Концерти, изложби, гостување на МОБ, ревија на филмови и дуги настани ќе има можност да проследи битолската публика во организација на оваа национална установа.

Првата активност на Центарот за култура за 2019 година се двата концерта на Камерниот оркестар под наслов „Засекогаш во срцата“, кои ќе се одржат на 26 и 27 јануари, посветени на македонската музичка легенда Тоше Проески.

-Првиот концерт се распродаде за неколку часа откако влезниците беа пуштени во продажба, а ситуацијата беше слична и за вториот концерт. На битолскта публика може да и ветиме дека ова е уште еден поттик да се залагаме и да се бориме Камерниот оркестар да добие еден малку посерозен статус, еден вид анасамбл кој што ќе функционра под закрила на Центарот за култура и Министерството за култура, изјави Маја Андановска Илијевски, директор на Центарот за култура во Битола

Од понеделник,  28 јануари до 3 февруари ќе се одржи филмска ревија „Недела на македонскиот филм“

- За овој филмски циклус избравме 11 нови и постари филмови од реномрани македонски автори. Дел од овие филмови битолската публика имала можност да ги погледне, но има многу наслови кои досега не се прикажани во Центарот за култура. Она што требаше да се случи како премиера на Неделата на македонски филмови, но ќе ја преместиме во втората половина на февруари, е премиерата на филмот „Ругање со Христос“, поради отсуството на режисерот Јани Бојаџи кој е на патување низ Австралија. Со оваа активност на Центарот за култура ги најавуваме заложбите за поддршка на македонската кинематографија, рече Андоновска Илијевски.

Во текот на февруари, надвор од неделата на македонскиот филм, ќе има проекции и уште на неколку други филмови. Исто така, оваа година Центарот за култура ќе стави акцент и на европскиот филм, а на редовниот репертоар на 3Д киното ќе продолжи прикажување на познати светски филмови. Како дел од активностите, во наредниот период ќе има и други активности, а директорката Маја Андоновска Илијевски, го најави и гостувањето на Македонската опера и балет.

-МОБ во Битола ќе гостува со балетската претстава „Либертанго“, една од најубавите танго композиции во 20. век која ќе се одржи на 14 февруари, а во битолскиот Центар за култура, на почетокот од месец март изложба под наслов „Метаморф“ ќе приредат младите битолчани Марта Дојчиновска и Драган Милованов, потврди Андоновска Илијевски и додаде дека во овој период, планирани се и инвестициски новини во работата на НУ Центар за култура-Битола каде по скоро четири децении работа, целосно ќе биде заменето сценското осветлување во големата сала на оваа установа.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани