2win800x200

Планинарскиот дом „Копанки“ оди во сопственост на државата

Јули 08, 2019

Општина Битола делумно го поништи решението  за легализација на планинарскиот дом „Копанки“ донесено во 2015 година. Со ова се одзема сопственичкото право на Планинанрско спортскиот клуб „Пелистер“ од Битола, и домот се враќа во сопственост на државата, информираат од Општината

Локалната самоуправа до Владата  ќе достави  барање за објектот да биде даден на користење на Општина Битола, која потоа преку одлуки кои ќе ги носи Советот, ќе пристапи кон реконструкција на планинарскиот дом

„Копанки“ изгоре до темел во пожар во 2013 година, а како бесправно изграден објект беше легализиран во 2015 година. Општината сега со ново решение ја менува само соптсвеноста на објектот и го враќа на државата. Планианрско спортскиот клуб „Пелистер“ има право на жалба до Владина комисија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани