Webp.net gifmaker

Продолжи изградбата на колекторскиот систем за отпадни води во Потпелистерието

Јули 19, 2019

Екипи на ЈКП "Нискоградба" продолжуваат со работа на колекторскиот систем кој треба да ги собира отпадните води од Потпелистерието. Инфраструктурните работи се изведуваат во делови на потегот од Дихово па нагоре кон Бегова чешма .

Од ЈП „Нискоградба“ за Апла.мк соопштија дека прочистителната станица ќе биде сместена во близина на поранешната фарма во Дихово и ќе ги опфати сите отпадни води од Бегова чешма, па надолу се до Дихово, тоа значи од хотелот „Молика“, Детското одморалиште, доколу се стави во функција, хотелчиња, ресторани, вили во Потпелистрието, како и дел од селата во подножјето на планината.

 

Проектот започна да се изведува ланската година кога системот беше поставен на должина од 700 метри почнувајќи од Дихово па нагоре, а овој месец планирано е да се завршат 430 метри на потегот до црквата во село Трново и уште 600 метри крак кон ресторанот Оскар. Потоа во септември ќе работат уште на 350 метри низ селото Трново.67298135 2287911901287090 3238516675326246912 n

Проблемот со отпадните води на Пелистер се провлекува со години. Сместувачките капацитети и селата во Потпелистерието немаат канализација, а септичките јами ја загаудваат животната средина и планинските водотеци. Анализите на Центарот за јавно здравје секоја година покажуваат бакетериолошки неисправна вода од селските водоводи, но и од јавните чеми на Пелистер. Со изградбата на колекторскиот ситем се очекува овој горлив проблем да стане минато.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани