Септември 19, 2019

Street gif

Поранешен директор на РЕК ќе седне на обвинителна клупа за загадување на околината со пепел

Септември 06, 2019
фотографија  од 2017 година фотографија од 2017 година

Битолското обвинителство до Основниот суд во Битола поденесе обвинителен акт против поранешен директор на РЕК Битола за кривичното дело загадување на животната средина. Обвинение е покренато и против правното лице Електрани на Сверна Македонија за истото кривично дело.

Директорот кој на оваа функција бил во периодот од јануари 2015 година до февруари 2017 година не се придржувал кон прописите за заштита на животната средна и дозволил процесот на отпепелеување на пепелта, која се добива при производство на електрична енергија од јагленот во комбинатот, да се спроведува без да се почитуваат утврдените парвила и процедури. Обвинителството смета дека не се вршело навремено покривање на пепелта на одлагалиштето со јаловина и не било ангажирана потребната механизација за овој процес.

Во соопштението на обвинителството се наведува дека Секторот за отпелеување во РЕК Битола постојано барал ваква механизација, но поради не почитувањето на постапката во наведениот период, на одлагалиштето имало големи количини непокриена пепел која до март 2017 година достигнале 50 илијади метри кавдратни.

При воздушни струења пепелта се разлетувала во околината, со што е предизвикана опасност за животот и здравјето на вработените во РЕК Битола и луѓето кои живеат во населените места околу комбинатот. Имено, летечката пепел која се создава со согорување на јагленот содржи сулфур диоксид, азот диоксид и тешки метали чие вдишување предизвикува влошено респираторно и кардиоваскуларно здравје на населението кое работи и живее во близина на термоелектраните како РЕК Битола, пишува во сооштението, за што Основното јавно обвинителство во Битола покрена обвинение против поранешен директор на РЕК и против правто лице - ЕЛЕМ

Сега актуелното раководство на одлагалиштето  за пепел гради бедем висок 15 метри долг 1,5 километри, кој треба да биде готов до крајот на годината, а внатре ќе се одлага пепелта што се добива при согорувањето на јаглен, со шо ќ се намали влијанието на втерот за разнесување на пепелта во околината.  Исто така, од комбинатото велат дека  интензивно се работи на покривање на пепелта каде од непокриена површина од 50 илјади метри квадратни, останати се за покривање уште 5000 метри квадратни. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани