Септември 19, 2019

Street gif

КРАЛСКИОТ ИНСТИТУТ ОД ШВЕДСКА ИЗРАБОТИ ПРОЕКТ ЗА ЕКОЛОШКО ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ НА БОЛНИЦАТА

Септември 07, 2019

Клиничката болница од Битола која досега се грее на мазут, во иднина ќе треба да добие еколошки ситем за греење, ладење и вентилазија преку хибриден систем со примена на соларна енергија и топлински пумпи со што емисијата на јаглероден диоксид ќе се намали за една третина.

Овој проект беше денес презентиран во Битола, а го изработија од Кралскиот институт за технологии во Стокхолм , Шведска, по иницијатива на невладината организација „Од рака на рака“ на Марија Росенгрен, наша химанитарка во Шведска, а во соработка со Клиничката болница од Битола.OD PREZENTACIJA

„Не само што нас во Битола и во земјава ни е познато дека имаме проблеми со загадениот воздухот, дека има загадувачки честитчки, туку ова е на светско ниво познато и во сите статистики пишува колку голем проблем имаме во Македонија и во Битола со загадувањето. Кога слушнаа во Кралскиот институт во Сокхолм дека ние работиме на овој проект, тие со гордост го воведоа овој порект во нивната програма уште минатата година“, рече хуманитарката Марија Росенгрен.Хуманитарката Марија Росенгрен и директорот на болницата Зоран Лазаров

Директорот на болницата Зоран Лазаров вели дека со години наназад болницата се грее на мазут, а тие како раководство го наледиле овој систем. За да ја подобрат состојбата се одлучиле на ваков проект.

„Со проектот се добиваат многу подобри услови за пациентите, персоналот и за градот Битола зашто од страна на екологијата ќе биде идеален проект. Ова ќе биде бенефит голем за болницата, кога милион и пол денари плаќаме за струја и вода, а со овој проект нема да се плаќа грење, вентилација и ладење. Условите ќе бидат подобри и од финансиска гледна точка“, рече Лазаров.презент 4

Докторантот Нелсон Сомерфелдт на Кралскиот институт за технологија, најголем инженерски универзитет во Шведска, заедно со други експерти собраа податоци за енергетската ефикасност и начинот на греење во Болница, а годинава и лично направија мониторинг на објектот.

„Одлучивме да вклучиме и студенти од Шведска во истражувањата за соланрана енергија и топлински пумпи. Оваа технологија станува се поприменлива со оглед на тоа колку е евтина станува сончевата енергија. Кога се сончеви денови ќе може да се користи соларната енергија, а кога е облачно на друг систем да работи, комбинирано е“, рече професорот Нелсон.

Следна фаза е изработка на техничка документација и аплицирање до фондови за изнаоѓање на средства. Иницијаторите се надеваат дека финансии ќе се обезбедат од Светска банка, доколу се успее во тоа, проектот ќе се импементира од март и за година и пол боницата ќе добие ново греење, ладење и вентилација. На денешната промоција беше посочено дека што поскоро треба да се формира државниот фонд за енергетска ефикасност и животна средина кој добро би било да се лицира во Битолскиот регион.презент 5

през33

презент 6

презент 7

презент 8

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани