Webp.net gifmaker

Маестро Владимир Димовски е новиот селектор на фестивалот „Музика од светот“-Битола

Ноември 08, 2019

Маестро Владимир Димовски е новиот селектор на програмата на Фестивалот „Музика од светот“во Битола, потврдува за медиумите директорката на Центарот за култура во Битола Маја Андоновска Илијевски.

Димовски е диригент на Камерниот оркестар на Битола кој во изминативе години ја воодушевува публиката во целиот регион со одличните концерти. Тој доаѓа на местото на Оливер Јосифовски , основач, басист и композитор на групата „Љубојна“ кој  во изминатите четири години ја извршуваше функцијата на селектор.

Јосифовски селектирајќи ја програмата на  Фестивалот остана запаметен во јавноста и по тоа што во 2017 ја избра токму неговата група „Љубојна“ да настапува на „Музика од светот“ со образложение дека  „во изборот на „Љубојна“,има пристрасност, но дека тое е бендот  којшто „продава многу карти“.

Новиот селектор за годинава ги избара настапите на Јелена Томашевиќ, Хели Сиекинен и Џамбо Агушеви Оркестар со долгогодишниот пријател и соработник Благојче Трајковски. Фестивалот ќе се одвива од 15 до 17 ноември, а најавена е и ОФФ програмата на Фестивалот на музика.

А.Б

 

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани