Webp.net gifmaker

Временска капсула со порака против климатските промени закопана во дворот на Горната гимназија

Ноември 30, 2019
Фото фејсбук Фото фејсбук

Временска капсула со пораки за борба против климатските промени закопаа ученици и професори од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во дворот на училиштето. На овој начин тие го одблежаа Денот за глобален климастки протест. Капсулата ќе се отвори дури во 2050 година кога ќе може да се направи споредба дали пораките и желбите на учениците се отворија.

„Го одбележуваме Глобалниот климатски протест, ден кој подолго време се планира на светско ниво да биде протест против климатските промени. Низ Европа и Северна Америка се одбележува со протести од младински организации. И ние симболично го одбележавме со тоа што закопавме временска капсула која ќе ја отвориме во 2050 година. Во неа го даваме нашиот влог како да се бориме со климатските промени и како да се осигура дека нашата иднина ќе биде безбедна, просперитетна и добра и дека нема да треба да се грижиме за климатските промени кои секојдневно го загрозуваат нашиот живот и нашата иднина ја ставаат во несигурни раце“, рече Леонид Сајков, тим лидер на „Биди зелен клубот“ при Гимназијата.

Ж.З. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани