2win800x200

НОВИ ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ ВО СОУ ГИМНАЗИЈА „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ БИТОЛА

Јануари 18, 2024

Со поддршка од Општина Битола, во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ се реализираат активности и проекти кои придонесуваат за осовременување и унапредување на условите за учење и работа и се во насока на подобрување на квалитетот на воспитно-образовниот процес. Директорката на Гимназијата Лидија Споа и дел од стручниот тим на училиштето, при денешната посета на градоначалникот Тони Коњановски, изразија голема благодарност за соработката со општината и континуираната поддршка, благодарение на што овозможена е реализација на повеќе проекти и активности, а веќе се прават подготовки и за реализација на идните проекти.

Во првото полугодие од учебната 2023/2024 година, во Гимназијата реализирани се проекти и изработени се проектни документации во вкупна вредност од околу 885 000 денари.

Во реализираните активности во првото полугодие, се вбројуваат и набавка на 12 кутии за мобилни телефони во сите училници, поставени букви на фасадата, над главната влезна врата на Гимназијата, како и набавка на училишен мебел, нови бироа за стручната и административната служба на Гимназијата, набавка на материјали и опрема за кабинетите по хемија и физика, а набавена е ИКТ опрема како и опрема за подобрување на интернет мрежата и друга информатичка и видео опрема. Поставени се венецијанки на прозорците во сите училници (јужна фасада), на 3 спрата и во хемискиот кабинет во вредност од 156 043 денари.

Во кабинетот за странски јазици направена е библиотека, како и доуредување во кабинетот историја – географија.

Во вредност од 147.605 денари, изработени се и проектни документации, со што училиштето е подготвено за реализација на следните 3 проекти: Проект за промена на внатрешна столарија - врати, плочки на третиот спрат, како и промена на плочки и осовременување на хемискиот кабинет, проект за санација на партерен ѕид, промена на дел од ограда од ковано железо и санација на надворешни скали и Проект за изградба на настрешница во функција на летна училница во делот од дворното место на Гимназијата.

Ваквата подговеност, најавува продолжување на инвестициите во училиштето и понатамошна успешна соработка со Општина Битола.

May be an image of 3 people, people studying, television and newsroom
May be an image of 2 people and people studying
May be an image of 3 people
May be an image of 2 people and text that says 'mлaAиHcKo paAиo! Bo idala Youth Radio! On Air! 300 APPO'
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани