Webp.net gifmaker

Советничките од власта ја напуштија седницата додека зборуваше Чулакоски

Декември 27, 2019

Советничките од владеачката коалиција предводена од СДСМ денес ја напуштија седницата на Совет во моментот кога на говорницата застана советникот на „Понаку“ Иван Чулакоски да дискутира.

„Се додека не добиеме одговор, на начин на кој го побаравме, ќе напуштаме дискусија. Тој одбра палки, камења и линч, ние одбравме бојкот“. Демократско право е, исто такво какво тие имаат за протестот“, рекоа советничките од СДСМ за Апла.мк.

 

Претходно, советничките од коалицијата дадоа изјава за медиумите во која побараа Чулакоски да одговори дали е тој лицето од Битола со иницијали И.Ч. против кого СВР Охрид на 30.07.2017 година поднесе кривична пријава за „противправно лишување од слобода“ и „телесна повреда“.

“Охрабрете се на ова прашање и одговорете со да или не. Секој одговор е само обид за прикривање на фактите. Колеги од Поинаку, нападите кон локалната самоуправа, од која сте дел и вие, нема воопшто да ви помогнат да ја дефокусирате јавноста, како што се обидувате со вашите реакции“, рече Жаклина Наумовска, советник од СДСМ.foto

(Фотоографија од пресот на советничките од владеачкото мнозиство) 

-Како колешката Габриела Илиевска ќе продолжи да ја води Комисијата за родова еднаквост ако има во редовите на нејзината советничка група колега за кој постои пријава за противправно лишување од слобода и телесна повреда? Нејзиното релативизирање на ситуацијата за насилство воопшто не оди во прилог на принципите за кои таа тврди дека ги застапува“, рече Наумовска.

Ж.З.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани