2win800x200

Првиот Нижеполски базар ем хуманитарен, ем настан за уживање

Декември 29, 2019

Предновогодишна магија во Ниже Поле. Во петокот вечерта во дворот на црквата Св. Петка се одржа првиот Нижеполски базар. Настанот беше од хуманитарен карактер. Целта беше паричните средства кои ќе се соберат, да се донираат на самата црква за потребите на мештаните.

Се служеше варено вино,топла ракија, планински чај. Не изостануваа и традиционалното гравче и колбаси, домашното кравјо, козјо, биено сирење, нижеполската пита, кисело млеко и јогурт. Можеше да се проба и мариниран рум од разни видови овошје и топло чоколадо. Тука беа и мајсторите на слатките тајни. Настанот беше надополнет и со уникатни рачни изработки на накит од редок вид. Учесници на штандовите беа : Take away, Слатка куќа, Dolce Vita, Art land, Rum & chocolate, мештаните на Нижеполе и Златко Долгио и дружината Братско стебло. Настанот беше збогатен со културна и забавна програма : Тра ла ла, песни од децата на Француската алијанса-Битола, песни од децата од здружението Пелагонија - Битола, КУД Стив Наумов-Битола и DJ Ile the hair. Сето ова не би се случило без поддршка на спонзорите : Општина Битола, ЈП Комуналец, ЈП Водовод, ФОД, СН Осигурителен брокер, Хотел Де Ниро, пекара Булевар, винарија Стоби, Цермат, цвеќара Еделвајс, цвеќара Витраж и Ариес травел.bazae2

Добри луѓе... Убаво е чувството кога ќе се разбудиш насмеан и исполнет..Насмеани сме затоа што успеавме да организираме хуман настан,а исполнети сме затоа што вие дојдовте. Едно без друго не оди...Токму затоа тргнува ме од вас..Ви благодариме на огромната храброст и чест што отстапивте од дневните навики и дојдовте на нашиот настан....Секоја ви чест"велат организаторите Каро, Давор, Драган, Јасна, Маја, Васко, Корун, Вања, Маргица, Николина и останатите.

bazar 1

bazar 5

bazar

bazar3

bazar4

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани