Февруари 24, 2018

Усвоен заклучокот за Акцион план за Ромите во општина Битола

Февруари 06, 2018 84

Советот го усвои Локалниот акционен план на Општина Битола во областа вработување, домување, образование, здравство и жената Ромка за периодот 2018-2020.

Овој документ е изработен по иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, додека во изработката активно соработуваа претставници на единиците на локалната самоуправа на Општина Битола, претставници на државни институции кои имаат директна или индиректна врска со Ромите во Македонија. Потоа претставници на здруженија на граѓани кои делуваат на општинско ниво и кои имаат претходно искуство во изработка на Акцион план за Ромите на локално ниво.

-Овој Акционен план се базира на две јавни политики за Ромите кои се спроведуваат во Р. Македонија и тоа: Регионална иницијатива за вклучување на Ромите 2015-2020 и Национална стратегија за Роми , како државна јавна политика изработена од страна на Владата и која има поддршка од страна на Собранието на Р.М, вели Фатма Бајрам Аземовска , претседател на „Сумнал“ , здружението за развој на ромската заедница.

Донесувањето на Локалните планови за Ромите претставува спроведување на нацоналните политики на локално ниво согласно ингеренциите и надлежностите на градоначалникот  и Советот на општина Битола.

Имањето на ваков стратешки документ дава јасна визија и препорака како да се делува во идниот период за подобрување на статусот и состојбата на ромскиот народ и полесен пристап до фондови, велат од „Сумнал“.

-Освојувањето на  локалната стратегија од страна на локалната самоуправа ја искажува сериозноста и посветеноста на новата локалната самоуправа Битола  во развој на заедницата и еднаков статус на Ромите со останатите граѓани. За ова зборува и партнерството на општина Битола со Советот на Европа , кој е во насока на  унапредување на  активното учество на Ромите во креирањето  и донесувањето на одлуки на локално ниво, вели  Аземовска.

Muzej baner 336

grne

28166921 1847625648592803 5615957191440807278 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани