Кирацовски најавува турска инвестиција во Битола за машини за чистење на улици

Февруари 15, 2018

Нови работни места за битолчани во турска инвестиција за производство на машини за чистење на улици, најавува  Александар Кирацовски, генералниот секретар на СДСМ,  во изјава за апла.мк.

 

Деталите за инвестицијата дополнително ќе бидат соопштени.

Денеска на својот фејсбук профил Кирацовски најави осум нови странски инвестиции во државата.  

-Осум нови компании влегуваат во реализација на своите проекти во Македонија, со инвестиции од 73.5 милиони евра и отворање на над 1.500 нови работни места. Планот за економски раст покажува резултати, влегуваат реални инвестиции во Македонија. Заврши времето на лажните, виртуелни инвеститори како Субрата Рој, пишува генералниот секретар на СДСМ ,Кирацовски на својот фејсбук профил.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани