Септември 19, 2019

Street gif

Менде Граматковски, директор на ЈП „Стрежево“ : Врнежите ја наполнаа Акумулацијата, вклучени хидроцентралите

Март 12, 2018

По сушната зима, последниве недели беа богати со врнежи. Дали ја наполнаа со вода Акумулацијата „Стрежево“?

Последните врнежи од дожд и снег беа многу корисни за полнење на Акумулацијата „Стрежево“. Во овој период сите води од пелистерското сливно подрачје се собираат во алиментациониот (собирниот) канал и по истиот се дистрибуираат до Акумулацијата. Оној момент кога каналот ќе биде полн и не може да го прифати вишокот на вода (максималната пропусна моќ на овај канал е околу 5 метри кубни вода во секунда) ги приклучуваме нашите хидроцентрали да произведуваат електрична енергија. Така, во овој момент вклучени се во работа две деривациони хидроцентрали Филтерница и  Довлеџик.

Колку е полно со вода Стрежевското Езеро?

Во Стрежевската акумулација има околу 65.000.000 метри кубни вода. Со оглед на тоа дека најголемите дотоци на вода од собирниот канал и од реката Шемница се во месеците март и април се надевам дека акумулацијата ќе има доволно вода за наредниот период и подготвени ќе ја дочекаме сезоната за наводнување. Овде сакам да напоменам дека временските услови во овај период се поволни, но и со рационално искористување на водниот потенцијал од акумулацијата навремено и квалитетно ќе испорачаме вода до сите наши водокориници земјоделци, индустриски капацитети, РЕК- Битола и ЈП Водовод.

Неодамна јавноста беше разбранувана од објавени фотографии со купиша пелени фрлени во близина на Стрежевското Езеро. Дали како претпријатие сте забележувале несовесно однесување и на други лица да се ос­лобо­дуваат од сметот или фармите од шталско ѓубре во близина на Езерото или во сливните подрачја на реките Црна и Шемница?

Постои несовесно однесување кај поединци кои изнесувале отпад на места на кои е за­­брането. Последниот случај Ви е претпоставувам одлично познат, кога несовесен граѓанин фрли куп пелени.  По пријава на граѓанин-риболовец реагиравме уште истиот ден и постапивме со­­г­л­а­сно наши­­те надлежности, а отпадот беше отстранет во соработка со ЈКП „Кому­на­лец“ кој има дозвола за собирање и транспортирање на отпад уште следниот ден. Овде би сакал посебно да ја издвојам успе­шна­та соработка со ЈКП Комуналец од Битола.

Како претпријатието реагирало во вакви ситуации?

ЈП Стрежево во насока на управување и заштита со водните ресурси за кои е надлежен врши перманенто следење на состојбите во сливното подрачје заради обе­збе­ду­вање на ефикасна заштита и зачувување на квалитетот на водите од водотеците кои се вливаат во акумулацијата. Стручните служби вршат следење на состојбите во сливното подрачје на „Стре­жево”, посебно во насе­лени­те места од непосредното сливно подрачје на Аку­мула­ци­јата, од аспект на еваку­ирањето на фекални води, отпадните во­ди од сто­­­­чарските фарми, депонирањето на цврстиот отпад. Вршиме евидентирање на евентуалните прекршители, изготвуваме фото­графска документација, снимање, документирање на лице место како и следење на активностите во случај на забележани недозво­лени ак­тивности.

Дали е во ваша надлежност контролата и мерките за санкции? 

Како правен субјект кој стопанисува со Акумулацијата „Стрежево“ имаме обврска да вршиме редовна теренска контрола, но немаме законска надлежност да изрекуваме санкции. Имаме воспоставено соработка со надлежните инспекциски служби, и тоа Општинскиот инспекторат за животна средина, Мини­с­тер­с­твата за живо­тна средина, земјодел­с­тво, здравс­тво, односно преку ни­вни­­те инспекциски служби. Располагаме со сопствена служба за физичка заштита, адекватно опремена и профе­си­онална и истата е во состојба да ги пре­земе и ги реализира сите пот­ребни акти­вно­сти од доменот на физичка заштита. Во насока на физичката заштита на водите и ри­б­н­иот фонд треба да се нагласи дека вакви активности во неколку наврати беа спро­­ве­де­ни заедно со вработени во Министерството за внатрешни работи и Држа­вниот ин­с­пе­кторат за земјоделство. Во следниот период планираме да ја заја­кни­ме ко­н­т­ролата на терен уште повеќе и сите сторители на прекршочни и кривични дела да бидат соо­д­ве­тно санкционирани.

Како да се научат жителите од околината на Езерото и другите посетители да не загадуваат?

Отпочнуваме да работиме на поди­гн­­ување на свеста на граѓаните за значењето на водата и животната средина во цел­о­ст и водостопанските и еколошки последици кои настануваат од деградацијата на аку­му­ла­цијата како воден екосистем. Во таа насока веќе имаме изработено Прирачник за користење на рибниот фонд од рекре­ати­вната зона Aкумулација „Стреже­во“ кој се дава задолжително со секоја изда­де­на до­з­во­­ла и во кој меѓудругото има и список на поважни телефони од задо­лжени лица за оваа проблематика во претпријатието и над­лежните државни институции со цел да се ово­зможи благовремено известување од стра­на на граѓаните во случај на: зага­ду­ва­ње на водата или помор на риби, за­гадување на околината, во и околу водата, како и евентуални незаконски де­ј­с­твија, инци­дентни ситуации, сомнителни акти­вности, поте­­нцијални опасности и ризици, како во непосре­дна­та, така и во пошироката зона.

Како претпријатието го заштитува сливот на езерото, односно дали постои колектор, прочистителна станица или слично?

Сметам дека е исклучително важно да напоменам дека ЈП Стрежево-Битола врши непрекинато, квантитативно покривање на потребите од непреработена (сирова) вода во те­р­моенергетската и комунално-индустриската сфера, и тоа: водоснабдувањето на градот Битола и околните населени места, Руда­р­ско енергетскиот комбинат, РЕК "Битола", дел од локалните индустриски капацитети: Мле­карата "ИМБ", Фабриката за квасец и алкохол итн. Во контекст на предходното не вр­шиме прочистување на водата, тоа е обврска на водокорисниците да го адаптираат ква­ли­тетот на водата за намената за која ја предвиделе да ја користат.

Со цел да не се загрози примарната функција на акумулацијата, како извориште на во­да за потребите на водоснабдувањето на градот Битола и околните населени места со­­­­гла­­­сно риболовната основа за акумулација Стрежево презедовме нова мерка – стро­го забрането вршење на рекреативен и спортски риболов во потесната за­ш­т­и­тна зона. Оваа мерка отпочна со при­­мена од 01.01.2018 година и на терен се поставњни преду­пре­ду­­ва­­­чки табли.

Низ каква контрола водата минува пред да се испорача за битолски Водовод?

ЈП “Стрежево” располага со соодветно опремени интерни, ко­­­н­т­ролни лаборатории: физичко-хемиска и микробиолошка, во кои се реализираат пре­­­д­­ви­де­ните активности од доменот на монито­рингот на квалитетот на водите од Хидросис­те­мот “Стрежево”. Имаме сопствена годишна програма за следење на ква­ли­те­­тот на водите и се контролира на 43 мерни места. Про­г­р­а­­­ма е концепирана така што овозможува да се обезбедат потреб­ни­­те информации и ин­­­­ди­­­­кации за квалитетот на влезните води во рецепторите на си­с­темот и ис­по­ра­ча­на­та вода за водокорисниците, детекција на извори на загаду­ва­ње, тра­н­с­фо­­р­мација на ква­­литетот на водите по поедини во­до­теци и во акумулацијата. Покрај сле­де­њето на ква­литетот на водата од наша страна, согласно дозволата за зафаќање, акуму­ли­ра­ње и кори­сте­ње на вода имаме законска обврска редовно да го контролираме квалитетот на­ водата од овластена установа (и ЈЗУ Центар за јавно здравје од Битола). Следење на ква­ли­т­е­­тот на водата од нашата акумулација врши и лабора­то­ри­јата на ЈКП Во­до­в­о­д- Би­то­ла која е акредитирана лабораторија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани