Webp.net gifmaker

На барање на СОТУ "Ѓорѓи Наумов"-Битола , ЈКП "Нискоградба" постави тампон слој со кој се олеснува движењето на учениците и граѓаните кои го користат дворот на училиштето како шеталиште и скратен пат до Новиот градски пазар  во дождливите денови.

Искрена благодарност до јавното претпријатие „Нискоградба“, вели директорот на Техничкото училиште Владимир Роме.

Техничкото училиште од Битола денеска упати писма до Одделението  за комунални дејности до Општина Битола и јавните претпријатија „Пазари“ и „Комуналец“ да се најде заедничко решение на проблемот. Училиштето бара начин како да изнајде решение за отпадот кој се создава од страна на пазарџиите кои го користат паркинг просторот на Новиот градски пазар како простор за тезги на отворено.

-Имено непосредно до дворот на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ се лоцирани импровизирани тезги на пазарџии кои продаваат земјоделски производи. Во летниот период тука се продаваат лубеници и грозје, а пазарџиите околниот простор го користат за фрлање отпадоци и вршење нужда. Дворот на нашето училиште во кое учат 680 ученици е во непосредна близина на новиот градски пазар и истиот од страна на жителите на околните згради се користи како скратен пат за нивно одење до градскиот пазар, наведуваат од школото.

ОД ЈКП „Комуналец“,пак училиштето побара  да се зголеми бројот на контејнери за отпад на паркингот кај новиот градски пазар доколку постоечкиот не е доволен за отпадот што го создаваат пазарџиите.

teh 1

Претходно училиштето со општината , јавните претпријатија  и Ротари клубот учествуваат во чистење на овој простор од сметот, но несовесните пазарџии не дозволуваа да биде чисто повеќе од еден ден. Од Техничкото училиште апелираат за изрекување на казни  од страна на комуналната инспекција.

По наглото топење на снегот и порастот на температурите се поплавија подрумските кабинети во техничкото училиште СОТУ „Ѓорѓи Наумов“-Битола за што апла.мк објавува и низа фотографии . Причина за ваквата хаварија  најверојатно е понирање на вода во подрумот која  е резултат на оштетна атмосферска канализација или пак евентуално постоење на подземни води. Објектот на училиштето во континуитет тони во земјата што може веќе да се забележи и со голо око. Тонењето на објектот е отприлика од 10 до 20 сантиметри во зависност од позициите. Од раководството на школото велат дека денеска се соочуваат со поплавени кабинети за практична настава како и пропаѓање на дел од подовите кои се со мермерни плочки.

Кабинетите по физика и практична настава - електроенергетика во Техничкото училиште ,,Ѓорѓи Наумов“ од Битола кои се опремени со грант од германската амбасада, денеска ги посети заменик амбасадорот на СР Германија во нашата држава , д-р Петар Шалер, симболично предавајќи ги во употреба.

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани