2win800x200

97 планинари од Битола и Скопје, минатата недела се искачија на највисокиот врв на Балканот, Мусала, со 2925мнв, кој се наоѓа на планината Рила во близина на зимскиот центар Боровец. Според многумина името на врвот значи "место за молитва" или "врв за молитва". Планинарската акција за искачување на Мусала, беше во организација на ПСК Олимпус Монс од Битола и ТА Турист од Битола.

Од 1979 година до сега, поточно во изминатите четири децении највисокиот врв на Алпите Монт Блан го искачиле 66 планинари од Битола, а некои од нив и повеќе пати, соопштија од Планинарско спортскиот клуб „Димитар Илиевски“ од Битола.

Над 20 искусни планинари и рекреативци од повеќе планинарски клубови од Битола, го искористија денешниот неделен ден да се искачат на врвот Пелистер и покрај силниот ветер од 120 км на час.  На одредени места ударите од ветер достигнувале до 150 км на час, а планинарите тргнале кон врвот и покрај тоа што ја знаеле временската прогноза. Исто така, снежната покривка на места достигнува и до два метри, велат планинарите

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани