Септември 19, 2019

Street gif

За празникот, пак се откорнати бетонските столбови на влезот од Старата битолска чаршија

Април 30, 2019

Пак се откорнати зацементираните  метални столбчиња што пред месец и половина ги постави ЈП Пазари на влезот од Старата битолска чаршија од страната кај Ат Пазар.  За време на празникот столбчето е сосема откорнато од улицата и фрлено на патот.  Синџирите поставени на двата  влезови  во Старата битолска чаршија, од страната на Ат Пзар и од кај дрвениот мост , а кои не дозволуваат влез на возила на оваа локација очигледно им пречат на некои несовени дуќанџии или доставувачи на стока кои за да не ја носат робата на рака или на колички директно влегуваат со возила во заштитената зона. Од ЈП Пазари  беа децидни дека сообраќајот е забранет во оваа заштитена зона, а дотурот на стока дуќанџиите мора да го извршуваат со колички.

 

Но несовесноста и вандализмот на поединци  нема граници, па столбчињата и синџирите за кратко време  се срушени и откорнати и тоа по којзнае којпат.

-Неколкупати  за кусо време ги поправаме синџирите и столбчињата, тоа го направивме и во месец март, но несовесните  граѓаните заради свои лични причини не ја почитуваат забраната за сообраќај во Старата чаршија и секојденевно има возила. Ние веќе пријавивме и  во полиција и во Комуналната инспекција на Општина Битола и аплериваме да има зачестени контроли.  А, токму во контролите и казните од надлежните го гледаме решението  на овој проблем , изјави за Апла.мк Владе Атанасовски директор на ЈП Пазари Битола.

pazar 2

pazar 3

pazar 4

Апла.мк во март објави текст и фотографии на кои се гледа дека со камиoнчиња,  околу пладне  кога фрекфенцијата на пазарџии е најголема се блокира патот и се растовара стоката по дуќаните и кафеаните во Старата битолска чаршија . Во исто време несовесени возачи паркираат низ уличките во Чаршијата каде не е дозволено паркирање на возила.

pazar porano

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани