АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ми беше чест и задоволство во изминатите четири години да ви служам. Заедно поминавме многу во историски најтешкиот период за македонското здравство, рече министерот за здравство Венко Филипче пред предавањето на функцијата на идниот министер Беким Сали, кадар на Алијанса.
„Во овие мигови во Битола се случува евакуација, односно вистински егзодус на населението. Стотици, можеби илјадници возила, во колони се упатуваат кон излезите од градот и бараат безбедно засолниште надвор од него. Цели семејства, заедно со децата, бараат спас во селата, викендиците или кај роднините подалеку од градот. Некои палат логорски огнови и ноќта ќе ја поминат во дружење и со топла ракија.
„Сопствени средства ЈП 'Стрежево' - Битола инвестира во делот на водостопанската инфраструктура, со единствена цел - реализацијата на сите предвидени проекти на кои што работиме за овозможување зголемување на наводнувани површини, намалување на загубите од вода, трајно решавање на проблемите со наводнување и создавање на услови за рентабилно земјоделско производство. Во тек е реализација на проект за рехабилитација на Главен цевковод СР 11 ( Бистрица - Егри) замена на дотраени цевки фи-500mm со нови дуктилни цевки фи- 600 mm во атарот на село Егри.
Значителен број од пациентите по прележан Ковид19 имаат потреба од физикална рехабилитација поради намалена физичка кондиција, отежнато дишење, продолжена болка, депресија, вознемиреност и намален квалитет на живот, истакна асс. д-р Билјана Калчовска од Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација во неделната онлајн дискусија која ја организираше Лекарската комора на тема „Рехабилитација на пациенти по прележан Ковид19“. Настанот и оваа недела го модерираше претседателот на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова која истакна дека пост-ковид компликации се јавуваат на различни системи на човечкиот организам и дека тие бараат понатамошен стручен третман и лекување.
Војната и диктатурата никогаш да не се повторат, мораме со сета сила да се ангажираме за демократија и толеранција внатрешно, а надворешно, за разбирање и помирување, кажа германската амбасадорка Анке Холштајн на одбележувањето на 103-годишнината на Денот на помирувањето во Првата светска војна. Заедно со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и други дипломатски претставници, таа денеска присуствуваше на комеморацијата на француските воени гробишта во Битола и на германските во Прилеп.
„Денот на народната жалост е симбол на сеќавање и момент за размислување, емпатија и опомена, разбирање и помирување. Тој е мост кон заедничка мирна иднина на Европа. Заедно се залагаме за тоа што ја прави Европа: мирен, конструктивен, солидарен соживот на народите во Европа во интерес на нашата иднина“, рече Холштајн.
Амбасадорите положија цвеќе на гробиштата каде што се наоѓаат посмртните останки на илјадници војници, учесници во Првата светска војна. Бомгартнер потсети дека пред повеќе од еден век, на ова тло се бореле речиси 400.000 француски војници, а над 70.000 никогаш не се вратиле дома. Загинале во битките, многумина биле погодени од болести, но војната одзела и многу цивилни жртви од овој крај. Битола била на линијата на фронтот, подложена на секојдневни бомбардирања.
„Помирени сме врз основа на овие заеднички страдања, во помирена Европска Унија, која продолжува со своето обединување. Минатото и сегашноста треба да ни помогнат да изградиме подобра заедничка иднина. Тоа е смислата на соработката што се обидуваме да ја воспоставиме во Северна Македонија, со цел нејзино неодминливо враќање во европското семејство“, порача Бомгартнер.
Пораки до верницте да се откажат од гордоста упати митрополитот Петар во говорот по светата литургија што се одржа на големиот христијански празник Митровден во храмот „Св. Димитриј“ во Битола, а со која беа одбележани и 40 години архиересјка служба на г.Петар и 75 години од неговото раѓање.
„Да се ослободиме од нашата гордост зашто Господ рекол дека гордите не ги поддржува, против гордите е Господ, а гледате, многумина што беа горди во нашаето општество кога мислеа дека стојат паднаа. И ние ако мислиме дека стоиме цврсто, ќе паднеме“, порача владиката.
На свечената литургија во цркавта „Св. Димитрија“ во Битола служеше и поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, како и други владици.