Октомври 17, 2018

Шо рече

-Владата е сериозно посветена на железничкото поврзување на Коридорот 8, се работи на пругата од Куманово до Бељаковце, обезбедена е проектна документација и финансиски средства за делот од Бељаковце до Крива Паланка, а завршена е и проектната документација за пругата до граничниот премин со Република Бугарија, како и за 63 километри од Кичево до македонско -албанската граница. Во наредниот период планираме да бидат обезбедени над милијарда евра, средства кои ќе бидат искористени за подобрување на железничкиот систем во Република Македонија.

Намалување на производствената цена на струјата за 1,5 проценти или 0,6 евра бара ЕЛЕМ од Регулаторната комисија.

Приходите во Општина Битола за првиот квартал од 2018 година се повеќе од 110 милиони денари , што споредено со 2017 година кога биле над 94 милиони денари покажува разлика од над 15 милиони денари повеќе приходи, или 16 проценти разлика . Во делот на расходите ситуација е обратна во 2017 година расходот бил повеќе од 107 милиони денари, наспроти 2018 година кога таа бројка е над 90 милиони денари. Што значи дека расходот е помал за 16 проценти или поточно за над 17 милини денари , рече меѓудругото градоначалничката Наташа Петровска на денешната седница на Совет давајќи извештај за реализацијата на буџетот во првиот квартал за годинава.

„Интензивно се работи на изградба на пругата. Во следниот период планираме заедно со градоначалничката и со директорот на ЈП Македонски железници инфраструктура да направиме увид врз граджените работи. Очекувањата наши се согласно рокот, до крајот на оваа година, да биде завршен тој проект“, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски.

„Оставка нема да поднесам, имам уште многу да сработам на она што сте го руинирале“,  одговори градоначалничката Наташа Петровска на прашањето на опозицијата дали и кога размислува да си поднесе оставка.

Таа возврати и на обвинувањата  за наводен реваншизам врз општинската администрација.

-Општинската администрација со која јас работам е сеуште  со раководители кои ги имате вие поставено. Потврдено е и сеуште се на тие работни места што покажува дека  апсолутно немаме режим каков што сме имале, одговори Петровска на прашањето на опозиционите советниците  на денешната седница на Совет.

Новиот тренер на РК „Пелистер“, Томче Петрески, на денешната прес конференција,  рече дека атмосферата во клубот се подобрува, играчите се прилагодуваат на неговиот систем на работа, а тој очекува добри резултати.

-Сакам за јавноста, публиката да е јасно дека ние не го избркваме Стевче Алушовски, тој самиот си замина, а од кои прични, не знам. Седнавме да разговараме со него, тој побара да донесеме тројца играчи, ние обезбедивме двајца од нив, додека третиот веќе имаше потпишано договор за странски клуб.  Тој замина, а наша цел беше да имаме соработка. Тогаш се најдовме во навистина тешка состојба, затоа што ретко може да се најде тренер да ја преземе екипата. После Алушовски, за тренер го назначивме Борче Марковски, а после поразот, како што е познато, Марковски си поднесе оставка, кој не можеше да го издржи притисокот од јавноста и публиката, рече Златко Димитровски, спортски директор на РК „Пелистер“.

-Офицерскиот дом продолжува да биде обезбедуван на начинот на којшто и досега беше со физичко обезбедување, меѓутоа времето покажа дека тоа не е доволно. Во овој период, условно кажано не се превзедоа некои активности во делот на обезбедувањето  со местење на тараби, велам условно затоа што изведбените активности на Офицерски исто така ќе започнат со кровната конструкција.

Екипи на  јавното претпријатие „Нискоградба“ и подружницата на „Македонија пат“ од Битола почнаа со обележување на коловозот и поставување сообраќајни знаци за ограничен режим на движење, со што формално почна реконструкцијата на северниот главен сообраќаен влез во Битола или влезот од страна на Прилеп.

Сметам дека нападот што се случи вчера е поради нервозата што доаѓа од изгласувањето на законот за употреба на јазиците. Не можам да коментирам дали е организирано сето ова, вклучувајќи ги и протестите пред домовите на пратениците, но во секој случај треба да се сфати сериозно.Претпоставувам дека целата клима која се создаде во јавноста за нас пратениците доведе до ваквото непресметливо однесување, и ако е тоа, му порачувам дека ниту мене ниту другите колеги вакви настапи и чинови на насилство нема да не поколебаат во нашата крајна цел членството во НАТО и ЕУ, изјави битолскиот пратеник Горан Милевски за Макфакс, по вчерашниот инцидент  кога на улица беше физички нападнат од минувач. 

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски,  вели дека вчерашниот инцидент е срамен чин и неуспешен обид да се попречи патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Тој тврди дека иако дојде до елиминација на некој функционер или пратеник, Македонија ќе остане на зацртаниот пат и дека политиката која тие како владејачко мнозинство ја водат нема да биде спречена.

-И да нè елиминираат ова е политика што ќе ја спроведе некој друг. Нашата интенција е Македонија да влезе во НАТО и ЕУ и вакви испади нема да нè поколебаат тоа да го реализираме. Стратешките цели на Македонија се многу поважни од индивидуалните дејанија на лицата, вели Милевски.

Во Пелагонискиот регион ќе биде изградена регионална депонија , чија вкупна вредност ќе биде 40 милиони евра. Секоја од општините требаше да партиципира со соодветен износ на средства , што за Општина Битола  требаше да изнесува 4 милиони и  420 илјади евра , бидејќи тие пари како Општина не ги располагаме, Владата на Р. Македонија на себе ја презема обврската да го финансира целокупниот дел. Ова што сега се прави ќе има големо влијание за заштита на животната средина, а тоа ни беше една од обврските кои ги преземавме во кампањата и едно од ветувањата кон граѓаните. Оваа регинална депонија ќе биде со претоварни станици во неколку градови, значи после  4 години Битола ќе има регионална депонија, рече Валентин Груевски претседател на Советот  на Општина Битола на денешната седница на која беше усвоен предлогот за  реализирање на проектот за изградба на регионална депонија во овој крај.   

Маршираме во спомен на депортираните еврејски семејства од Битола, жртви на холокаустот. Ќе испратиме порака за мир, заедништво и соживот, рече пратеникот на СДСМ во Собранието на Р. Македонија, Александар Кирацовски, денеска  во Битола.

-Преку овој Марш симболично ќе ја претставиме патеката низ која чекореле 793 семејства кои беа депортирани од Битола.Овој трагичен настан испраќа порака до светот како истиот може да биде суров и  ранлив доколку навреме не се спротивставиме на злото. Овој настан да остане во историјата и да не се повтори,  рече Кирацовски.

„Од она што го побарав како извештај за тоа што се случува со киното 'Манки', мора да признам дека огромен број на средства се потрошени за него, а се уште сме едалеку од можност за истиот да биде ставен во функција зашто внатрешно, ентериерно, воопшто и не е направено. Факт е дека се уште треба да се трошат средства за истото да биде ставено во функција, а се надвор од она што ни беше ветувано во изминатиот период од претходната локална самоуправа.

За киното 'Манаки', Министерството за култура не идвои средства, но издвои за Офицерскиот дом, зграда која ако ја оставиме онаква каква што е оставена до сега, само можи во следниот период да се дораспадни, па да нема што да спасуваме.“

„Правниот факултет во Битола претставува дисперзирана испостава на Правниот факултет со седиште во Кичево, каде што токму во седиштето имаме негативен тренд на запишување студенти. Од друга страна фактите и аргументите покажуваат позитивен тренд на запишување на студенти и квалитет во Битола. Исто така имаме и голем број институции, Основен и Апелационен суд, Основно и Вишо јавно обвинителство, 146 регистрирани адвокати и адвокатски друштва, 7 извршители и 13 нотари.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани