2win800x200

Навезени битолските архитектонски бисери

Јули 21, 2018

Членките на Организација на жени од Битола, бисерите на битолската архитектура ги навезаа на оригинални ракотворби кои можат да послужат како вредни сувенири од Битола. Петнаесете везови врамени и застаклени вчера беа изложени на Локум Фест во битолската чаршија, кој пак се одржува на Бит Фест. Со својата убавина и уникатност ракотворбите привлекоа многу посетители на нивниот штанд. 

 3

,,Навезени се Саат Кулата, црквата ,,Св. Димитрија", џамиите, општинската зграда,  Ректоратот, староградски куќи, како и куќа со архитектура типична за село Буково бидејќи девојката која го направи трокирањето  на платното е од таму", рече Светлана Петковска од Организација на жени. 
4
 
Битолските архитектонски бисери на платно ги исцрта талентираната Кети Радевска, позната во јавноста и по нејзините карикатури. Потоа, творбите ги навезија десет жени од Организацијата користејќи различни бои на конци и бодови.
 
5
,,Жените  во оваа активност гледаат како на можност за социјално претприемништво", рече Петковска. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани