2win800x200

Локумот и чалгиската музика на „Локум –Фест“ мевлем за битолската чаршија

Јули 20, 2018

Како дел од програмата на „Бит Фест“, а во организација на здружението на Центарот за културна деконтаминација – Битола, започна 12. издание на битолскиот фестивал на музиката и традицијата, „Локум-фест“ чија тридневна програма се одвива во старата битолска чаршија. Во првата вечер публиката имаше можност да ужива во звуците на бугарската група “Морски перли”, македонско-турскиот ансамбл „Балканатолија“ и „Чалгии мерак“.

Вечерва, главни ѕвезди се добро познатите „Баклава“ и гостите од Словенија групата „Ентузијазам“, а третата вечер, пак, ќе помине во знакот на „Вевки чалгија трио“ и гостите од Индија – „Тапи проџект“.

lokum fest 10

lokum fest 1

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани