2win800x200

Цела сала со Виолета Томовска пееше „Битола мој роден крај“

Август 01, 2018

Неколку стотици гости во Големата сала на Центарот за култура во Битола синоќа заедно со познатата македонска пејачка од Битола, Виолета Томовска, ја испеја песната„Битола мој роден крај“. Ова беше еден од највпечатливите моменти на концертот што Томовска придружувана од групата „Фонтана“ го одржа во Битола на завршницата од фестивалот „Илинденски денови“.

 

На концертот учество зеде и битолскиот пејач Сефедин Бајрамов, кој со публиката сподели еден свој разговор со песнопоецот Ајри Демировски додека бил жив. Бајарамов рече дека го запрашал кој македонски интерпретатор ја испеал најубаво неговата песна „Битола мој роден крај“, а Ајри одговорил маестралната Виолета Томовска. По ова слдуваше аплауз, па публиката заедно со Томовска ја испеа најопеаната песна за Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани