2win800x200

Продолжуваат засилените сообраќајни контроли во Битола

Февруари 15, 2019

Сообраќајната полиција продолжува со секојдневните контроли на возачите во Битола.

Во текот на вчерашниот ден биле контролирани 373 возачи и возила  за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила. непочитување првенство, иправност на возилата, користење појас, светло,  како и проверка на присуство на алкохол.

При контролата, констатирано е дека 22 возачи го управувале возилото со максимална брзина поголема од дозволената, 8  возачи  управувале без возачка дозвола, кај четворица е откриено  присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај. 11 возачи се писмено опоменати, а на 56 воачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни  на глоби, а исто така изготвени се и 19 прекршочни налози.

 При контролата, откриени се и други 80 видови останати прекршоци.    

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани