АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Хуманитрна помош за штитениците во Домот за стари лица „Сју Рајдер“ достави невладиното еколошко здружение „Еко жена“ од Битола. Членките на оваа организација, од средствата издвоен од членарината, во Старскиот дом донираа пижами, хигиенски средства, прехранбени продукти, домашно подготвени колачи, сокови, а една од членките им подари 30 пара рачно плетени калчуни, на што штитеницте посебно се израдуваа, велат од „Еко жена“.
-Старите лица кои престјуваат во домот имаат одлични услови, обејктот е комплетно реновиран, воодушевени беа од нашата донација и посетата. Поразговаравме, а тие ни рекоа дека дружењето многу им годи, велат од невладината организација „Еко жена“ од Битола.
Ова граѓанско здружение се финансира исклучиво од членарината на околу 70 активистки, претежно пензинерки, и нема други приходи. Покрај оновните определби за заштита на животната средина, реализираат и хуманитарни активности. Нивните донации се насочени кон маргинализираните групи –лица со попреченост, социјално загрозени семејства, деца без родители итн.
Во старскиот дом донирале неколку пати досега, а од „Еко жена“ чиј претседател е Љупка Балојани, најавуваат дека нивните хуманитарни акции ќе продолжат и во иднина.