2win800x200

На денешен ден формиран е партизанскиот одред "Јане Сандански"

Септември 08, 2019

На денешен ден 8 СЕПТЕМВРИ во 1942 година кај село Лавци, Битолско, е формиран БИТОЛСКИОТ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД "ЈАНЕ САНДАНСКИ". Бил именуван и како Народноослободителна партизанска чета.

Извршил напад на бугарскиот екипаж кај железничката станица меѓу селата Српци-Беранци на 10 ноември 1942 г.

Поделен по групи одржувал политички митинзи по битолските и леринските села во зимата 1942/43 г., а потоа во март 1943 г. влегол во состав на Битолско-преспанскиот Партизански одред "Даме Груев", со кој се префрлил на костурско-леринското подрачје.

Подготвил: д-р  Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани