2win800x200

75 ГОДИНИ ОД БЕГСТВОТО НА ПОЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ОД ЦЕНТРАЛНИОТ ОБЛАСТЕН ФАШИСТИЧКИ ЗАТВОР

Септември 06, 2019

По повод 75 години од бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола, на местото каде што некогаш се наоѓал затворот, во близина на „Црн мост“, денес свежо цвеќе положија  претставници на Сојузот на борци, заменик градоначалничката Емилија Костурски, како и членови на Советот на Општина Битола. Пред споменикот се поклонија и учениците од основното училиште „Д-р Трифун Пановски“.

Претседателот на општинската организација на Сојузот на борци, Александар Трајковски, потсети на историскиот тек на настаните поврзани со судбините на политичките затвореници, но и на случувањата на денешниот ден – 6 септември, кога политичките затвореници успеаа да извршат бегство од затворот..

Фашистичкиот воен суд во Битола изрекол казни на над 250 учесници во Народноослободителното и антифашистичко движење. Над 50 од нив беа осудени на смрт со бесење, над 20 беа осудени на доживотна робија, а другите на временски казни со строг затвор од една до 20 години. Таму функционирал затворски комитет на комунистите, кој од средината на 1944 година формирал и затворски воен штаб, кој пак бил ангажиран околу поодготовки на бегството на политичките затвореници. Соочени со поразот на фашистичката власт Управата на затворот, три дена пред капитулацијата на фашистичка Бугарија била приморана да дозволи да се отворат затворските порти и околу 120 политички затвореници избегале од него. По бегството од затворот сите политички затвореници успешно се вклучиле во завршните операции на македонската војска за конечно ослободување на Македонија од фашистичката окупација.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани