Август 20, 2018

Ќе се зајакнува капацитетот на битолската противпожарна единица

Мај 17, 2018

Со набавка на опрема во вредност од над 4 милиони денари, ќе се јакне  капацитетот на противпожарните единици во Пелагонискиот регион. По иницијатива на градоначалниците, средствата се обезбедени во рамките на проектот што го финансира Бирото за регионален развој, преку Центарот за развој на Пелагонискиот регион. Договорот за реализација ќе биде потпишан до крајот на мај.

Со цел бригадата кадровски да се екипира, општина Битола веќе поднела барање за вработување на 5 професионални пожарникари, а од  неодмана во противпожарната единица во Битола, вработени се 8 лица од општините Новаци и Могила.

Во пресрет на одбележувањето на 182 годишнината од формирањето на првата противпожарна бригада во Битола, од општината велат дека ова се само дел од активностите што се преземаат за надминување на наследената катастрофална состојба во Територијалната противпожарна единица во Битола.

Противпожарната заштита на Балканот започнала од Битола, кога на 20 мај во далечната 1836 година, во време на Румелискиот пашалак, се формирала првата организрана противпожарна единица, после голем пожар што го зафатил градот. Единицата без прекин, во континуитет работи до денес, а интересно е и тоа што и по повеќе од половина век ја зачувала истатат местоположба покрај реката Драгор.

pozarna 1

Отогаш па досега, единствена цел е заштита на граѓаните од пожари и други опасности. Во моментот ТППЕ од Битола има вкупно 29 пожарникари, опфаќа територија од 1470 километри квадратни, заедно со општините Могила и Новаци, а за интервенции се користат 8 возила.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани