2win800x200

НА ДЕНЕШЕН ДЕН - 3 ФЕВРУАРИ 
Во 1977 г. кај Македонски Брод загина генералот на ЈНА и народен херој Васко Карангелески.
 
 
Роден бил во селото Брусник, Битолско, на 7 јули 1921. Бил истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење во Вардарскиот дел на Македонија и учесник во антифашистичката војна 1941-1944 г. 
 
Пред Втората светска војна бил земјоделски работник. Бил член на организацијата на југословенската комунистичка младина (СКОЈ) од 1941 г. и член на КПМ од 1943 г. Бил заменик-командант и командант на баталјонот „Стив Наумов“, заменик-командант на Четвртата бригада, а потоа командант на Петтата и Седмата бригада. На крајот на антифашистичката и ослободителна борба бил командант на Четириесет и деветтата македонска дивизија на НОВЈ.
 
 По ослободувањето Македонија од бугаро-германската окупација, дипломирал на Воената академија „Ворошилов“ во Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР), ја завршил Вишата воена академија на Југословенската Народна Армија (ЈНА). Во ЈНА имал чин генерал-полковник и бил командант на дивизија, началник на штаб на корпус и на подрачје, началник на штаб на армиска област и командант на армија. 
 
Бил член на Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ). Прогласен бил за народен херој на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) на 29 ноември 1953 г. Загинал во несреќен случај.
 
Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

 

На денешен ден, 18 јануари во 1914 година во селото Канино, Битолско, е роден Никола ТОДОРОВСКИ-Коле Канински, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија..

Во 1920 година во Битола е роден Петар (Пецо) БОЖИНОВСКИ-Кочо, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, народен херој.

На 25 декември во 1923 година, во Битола е родена Естреја ОВАДИЈА-Мара, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани