2win800x200

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 22 ОКТОМВРИ, во селото Сопотско, Ресенско, во 1942 година е убиен Стерјо ЃЕОРГИЕВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН - 11 ОКТОМВРИ 1941 започна АНТИФАШИСТИЧКОТО ВОСТАНИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, кое постепено прераснало во Националноослободителна војна и довело до формирање на првата македонска национална држава.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 10 СЕПТЕМВРИ, во 1943 година, во селото Љубојно, Преспанско е убиен Крстин ЧУЛАКОВСКИ-Кичо, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.Роден бил во селото Бистрица, Битолско, во 1920 година. Од почетокот на окупацијата во април 1941 бил меѓу најактивните членови на антиокупаторското движење.

Бил во Партизанскиот одред „Гоце Делчев“ од неговото формирање на 20 мај 1943 г., и тука заедно со Фана Кочовска, бил одговорен за санитетскиот оддел на првата чета.

Во август 1943 г. станал член на Околискиот комитет на КПМ во Битола. 

Загинал во судир на Партизанскиот одред „Гоце Делчев“ со германската војска во времето на разоружување на италијанскиот граничен гарнизон.

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

На денешен ден 8 СЕПТЕМВРИ во 1942 година кај село Лавци, Битолско, е формиран БИТОЛСКИОТ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД "ЈАНЕ САНДАНСКИ". Бил именуван и како Народноослободителна партизанска чета.

На денешен ден, 1 септември 1944 година, загинал Славко ЛУМБАРКОВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани