2win800x200

ЗА ДА СЕ СПАСИМЕ ОД ВОЈНАТА ШЕСТ ДЕНА МИНАВМЕ ЗАКОПАНИ ВО РОВОВИ ВО ПУСТИНА, СЕ ПРИСЕТУВА ПЕТАР СТАВРЕВ НЕКОГАШЕН ЧЛЕН НА МИРОВНИТЕ СИЛИ ВО БЛИЗИНА НА ГАЗА

Октомври 16, 2023

Израелско-палестинскиот конфликт ги врати спомените кај битолчанецот Петар Ставрев на далечната 1967 година кога како единствен Македонец учествувал во меѓународните мировни сили за итна интервенција на Обединетите нации- UNEF, обезбедувајќи ја стабилна границата меѓу Израел и Египет. Ставрев кој е долгогодишен новинар, публицист и хроничар на Битола, раскажува дека заедно со други југословенски војници се нашле во центарот на конфликот.  За да се извлечат морале  да поминат скриени со денови во ровови направени во пустинска песок.

„На 5 јуни 1967 година изби конфликт меѓу арапските земји и Израел и  ние се најдовме меѓу два огна. Војната беше наречена Блиц  крик, имаше окупирани територии  и ние моравме да се  евакуираме за Југославија. Стигна команда да се  повлечиме кон  Каиро, но нашиот командант Славко Ѓурѓовиќ, уште е  жив во  Белград, има сто години и е битолски зет, нареди да се евакурираме надвор од логорот и во ридот се  сместивме во песокта. Наместо да се повлекуваме останавме во рововите, а потоа дојдоа израелските сили и неˋ однесоа  во Ашкенол, градот кој сега е доста бомбрадиран. Таму дојде посебен брод и не однесе на Кипар и по извесно време се вративме во Југославија“, раскажува Ставрев. 

мировни

Додека бил дел од мировните сили на друг континент, во Битола му се родила  ќерката, па на еден од песочните ровови на Блискиот Исток го испишал нејзиното име Силви. Во UNFE служеле заедно со војници од Канада, Бразил, Индија, Данска, Норвешка и други земји. Југословенскиот одред  броел 300 војници кои се менувале на  секои 6 месеци. Биле смесетни во близина на Газа односно во градот Рамалех или на египетска територија Ел Ариш. Таму беа поставени шест логори вдолж границата во пустината, а централниот логор бил наречен  Мала Југославија зашто содржел војници од  сите поранешни републики.

со

(Ставрев со ќерката)

Сретнал и израелски војници чии семејства воделе потекло од Битола. Токму раскажувањето за градот еднаш  му го спасило животот. 

„Таму температурата преку ден достигнуваше плус 42 степени Целзиусови, а навечер до минус 10. Имаше големо испарување. Но, за тоа бевме физички подготвувани. Поминавме обука 15 дена во Загреб, еден месец  во  Белград. Бевме едуцирани и за политичката состојба таму.  Бевме почитувани од двете страни. Меѓу израелските војници сренав и луѓе  чии што родители потекуваа од Битола. Во една позиција кога имав задача да одам и да напишам на една зграда ‘Не пукајте, ние сме внатре’, ме повика еден од израелските војници и ме прашауваше за Битола и така ја избегнав опасноста да бидам ликвидиран“, вели  Ставрев.  

Ставрев додека бил на мировната мисија успеа да го изгасне огнот од телото на еден југословенски офицер, за што добил посебно одликување, а потоа и признание  за  војнички квалитетни  особини и  од ЈНА и од Обединетите нации.  Медаљите, шлемот, теглата со пустинска песок ги чува до денес.

медали

Од тогаш поминаа 56 години, а денес повторно има  конфликт на таа територија, овој пат меѓу Израел и Хамас со многу жртви, меѓу кои и цивилно население.

Ж.Здравковска   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани