2win800x200

Александар Кирацовски: „Талат Џафери да одговори дали се калкулирало со седницата за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски“

Февруари 25, 2019

„Претседателот на Собранието, Талат Џафери, должи одговор на јавноста, на граѓаните, зошто ја прекина седницата за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски и зошто дозволи да настане неред на синоќешната седница“, напиша на својот фејсбук профил Александар Кирацовски, пратеник и генерален секретар на СДСМ.

 

„Синоќа пратениците од мнозинството во Собранието беа подготвени да донесат одлука со која му се овозможува на судот да ги продолжи непречено своите процеси.Пратениците беа подготвени да овозможат правдата за 27 април да се тера до крај, но претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата и не дозволи да има гласање за одземање на имунитетот на обвинетиот пратеник Трајко Вељаноски.Кворум постоеше. Мнозинството беше тука спремно за гласање. Граѓаните прашуваат, а Талат Џафери е должен да им објасни и на јавноста и на колегите пратеници - Зошто беше прекината седницата на која требаше да биде одземен имунитетот на обвинетиот за организација на 27 април, Трајко Вељаноски“, напиша Кирацовски.

Воедно, додаде дека за Трајко Вељаноски мора да важат истите процедури и правила како и за секој друг пратеник.

„Собранието мора да постапува како што секогаш постапувало за сите други пратеници кои биле обвинети и за кои се барало одлука за нивна одговорност. Поради ова, во Собранието денес нема услови да продолжат останатите активности. 27 април е крвав настан а неговите организатори мора да одговараат. Јавноста бара одговори, дали се калкулирало синоќа или не, а претседателот Талат Џафери треба да одговори“, напиша Кирацовски.

На синоќешната седница се расправаше за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, осомничен за вмешаност во организирањето на насилствата во Собранието на 27 април 2017 година. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани