2win800x200

Фотогалерија: Концерт под отворено небо и одлична забава на главниот музички настан на “Битола отворен град“

Јуни 29, 2018

Синоќа на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола се одржа главниот музички настан од годинашното издание на фестивалот „Битола отворен град“ што по 17 пат го организира Младински културен центар - Битола. Публиката се дружеше со култниот белградски алтернативен рок бенд “С.А.Р.С” кои имаа речиси двочасовен настап, предгрупа беа “FUNK SHUI” од Скопје, а после полноќ и со „THE PRODIGY live tribute band” од Белград.

Неколку илјадната публика во Битола под отворено небо, го проследи енергичниот настап на бендовите. Одлична забава за сите љубители на добрaта музика и концерното расположение.

1

 

2

 

4

 

5

 

6

 

7

 

9

10

 

Утре во рамките на фестивалот Битола отворен град 2018 во градскиот парк ќе биде поставена изложба на Урбани стрипови. На изложбата ќе бидат изложени повеќе од 35 стрипови на уметници од 10 земји.

Во сабота, со почеток во 21.00 часот во Пацио – НУ Завод музеј Битола ќе се одржи Мултимедијалниот настан „60 години од раѓањето на Милан Младеновиќ - како и понатаму да е тука“ - Деца из воде Tribute to EKV, вечер посветена на Милан Младеновиќ и легендарните Екатарина Велика. Мултимедијален настан со проекција на видео спотови, документарен филм, фотографии и концерт со најголемите хитови на ЕКВ. Проект кој има за цел работата, песните и опусот на бендот Екатарина Велика да овозможат да живеат и понатаму.

Сите настани на фестивалот “Битола отворен град” се одвиваат на отворено и без влезници. Фестивалот е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија и од Општина Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани