2win800x200

Само гимназијата „Таки Даскало“ успеа да го плати долгот кон ЕВН и да добие струја

Август 17, 2018

На  две недели  пред почетокот на учебната година денеска само гимназијата „Таки Даскало“ повторно е вклучена на електричната мрежа, останатите школи,  Медицинското училиште и осум основни училишта и натаму се без струја.

Од 25 јули, најголем  дел од училиштата во Битола беа исклучени од електричната мрежа поради неплатени обврски кон ЕВН,  бидејќи долго време  се со блокирани сметки. Ситуацијата е наследена од  бившата власт на ВМРО-ДПМНЕ каде имаше училишта  кои и по седум години не плаќале струја.

Сега,  се уште без струја остануваат средното медицинско  училиште „Д-р Јован Калаузи“ , ОУ „Климент Охридски“, ОУ  „Елпида Караманди“, ОУ „Гоце  Делчев“, ОУ  „Даме Груев“, ОУ„ Коле Канински“ , ОУ„ Трифун Пановски“ и подрачните „Крсте Петков Мисирков“ во  Бистрица и  „Александар Турунџев“ во  Кукуречани .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани