2win800x200

Култура, а не естрада ќе понуди годинешниот Локум фест

Јули 15, 2019

Култура, а не е естрада ќе понуди новото 13-то издание на „Локум фест- музика и традиција“ што од четврток до сабота ќе се одржи во Битола. Главна музичка сцена ќе биде старата чаршија, а за присутните ваквото несекојдневно доживување ќе биде бесплатно зашто не плаќаат влезници. Засладени со вкусниот македонски локум ќе можат да уживаат во страоградската музика, а во рамки на оваа издание и да слушнат како уметници од Данска и Исланд ја негуваат балканската музика.

 

Честа да го отвори Локум фест ќе ја има ансамблот „Македонија“ овој четврток со почеток во 20,30 часот на плоштадот Магнолија. Тие се репрезент на македонската традиционална култура, а по нивниот настап, музичката сцена се преместува во чаршијата каде 22 часот е резервиран за познатиот грчки виртуоз на хармоника Танос Ставридис и „Дром“.

„Локоум фест не би бил балкнаските фестивал ако ги нема актуелните балканаски музичари виртуози. Минатата година го слушавме со Влатко Стефановски на Антички во Охрид, а годинава блесна заедно со Теодосиј Спасов и Влатко Стефановски во Пловдив, еден од двата европски градови на културата. Следната дестинација на Ставридис е Локум фест во Битола“, велат од Центарот за културна деконтаминација и Здружението на граѓани ,,Локум фест" кои се организатори на етно-фјужн фестивалот.локум фест

Во петок вечерта битолчани ги очекува нов музички бран. Во стара битолска чаршија од 22,30 часот настапуваат Бјонко и „The Balkanbeat bend“ од Копенхаген, Данска. Бјонко е професионален уметник, има македонско потекло, а живее во Данска и на скандинавските простори ја промовира македонската култура и музика. За него од „Локум фест“ велат дека го обединил најдорброто од Балканот и Данска и создава незаборавен кросовер. Бјонко повеќе од една деценија е водечка фигура на скандинавската музичка сцена каде ја промовира балканската музика.

Веднаш по овој настап, гостите на Локум фест ќе ги слушаат „Византиска силуета“, исландската музичка група позната по нивата жестока балканска музика. Нивната програма се состои од грчки, бугарски, македонски и турски песни.

Програмата за третиот фестивалски ден ќе ја објавиме дополнително.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани