2win800x200

„Август во округот Осејџ“ нова премиера во Битолскиот театар

Јули 29, 2019

Претставата „Август во округот Осејџ“ по текст на американскиот писател Трејси Летс, по кој е снимен и филм со познати холивудски актери, утревечер премиерно ќе биде  изведена на сцената на Народниот театар во Битола. Режисерката Драгана Милошевска-Попова на денешната прес-конференција рече дека претставата се подготвувала два месеца, бидејќи станува збор за богата приказна која се поставува на театарска сцена со обид да се избегне влијанието на филмот.

67242914 2441923402539737 8717004785749852160 n

– Втор пат соработувам со актери од битолскиот театар, работевме на секој лик во претставата за да направиме интересна приказна. Оваа претстава е посветена на едно дискфункционално семејство, семејство кое се распаѓа и за тоа какво влијание имаат општествените прилики врз семејството, рече меѓу другото Милошевска-Попова.

67506996 2441924935872917 3471864589275103232 n

Претставата „Август во округот Осејџ“, како што појасни драматургот Билјана Крајчевска, е црна комедија, приказна за луѓе кои под маската на семејниот живот, делумно од страв или паника мораат да се уништат.

67735739 2441930115872399 1798286464484638720 n

-Станува збор за  семејна сага, каде  по смртта на главата на семејството,  се отвора Пандорината кутија на лагите и интригите во кои што живееле дотогаш. Ова е филигранска работа на режисерката, емотивна и посветена актерска игра, претстава која сметам дека ќе донесе многу публика, која ќе ужива, рече Илина Чоревска, програмски директор на НТБ.

Во премиерата закажана за утревечер на матичната сцена на Битолскиот театар, главните улоги ги толкуваат актерите Елена Моше, Јулијана Мирчевска, Борис Чоревски и др.

67806464 2441936449205099 1888665461294366720 n

-Станува збор за текст кој веќе десетина години се изведува по сцените на тетарите во регионот и во светот. То е хит текст што прилекува големо внимание, што беше една од главните референци зошто одлучивме да го изведеме  овој текст. Втортат причина е актерскиот ансамбл во Наодниот театар во Битола кој може да одгвори на предизвиците на овој текст, рече директоро на НТБ, Иван Јерчиќ.

Ова е трет проект годинава на Народониот театар во Битола поддржан од Министерството за култура

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани