2win800x200

Чествување на гробот на Милтон Манаки

Март 05, 2018

На Влашките гробишта во Битола беше организирано чествување по повод 64 години од смртта на Јанаки Манаки и 54 години од смртта на Милтон Манаки.

 

„Комуната на Власите – Арм’ните од Битола ‘Браќа Манаки’ достојно го одбележува овој јубилеј, со една пригодна програма, така што во текот на вчерашниот ден беше одржана заупокоена литургија во Храмот ‘Свети Константин и Елена’, а денес на денот на упокојувањето, дојдовме во овој комплекс, каде што е вечното почивалиште на Милтон Манаки, додека вечното почивалиште на Јанаки е во Солун, да ја оддадеме достојната почит, за нивното големо дело, кое што тие нас ни го оставија. Годинава, ние исто така ќе одбележуваме еден јубилеј, односно 120 години откога е формирано фотографското ателје на Браќата Манаки“, изјави Стевче Хаџиантоновски, Комуна на Власите – Арм’ните „Браќа Манаки“ - Битола.

По повод годишнината од смртта на доајените на филмската уметност на Балканот, почит оддадоа повеќе делегации. Свежо цвеќе на гробот на Милтон Манаки, положи и градоначалничката Петровска, која потсети дека големото дело на Браќата Манаки, треба да биде патоказ за сите нас.гроб

„Во одбележување на 54 годишнината од смртта на Милтон Манаки, денеска се наоѓаме овде да одадеме почит, воопшто кон Браќата Манаки, кои што исклучително значат за нашиот град со делото кое што го имаат направено. Денешниот ден е само поттик и за идните генерации, дека животот треба да го живееме со волја и намера, навистина зад себе да оставиме вредности“, изјави Петровска.

Од Kинотека на Македонија, потсетија дека континуирано се води грижа за филмското наследството оставено од Браќата Манаки, а притоа се врши и истражување и откривање на нови детали од нивното творештво.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани