2win800x200

Со хепенинг и свечена академија, одбележан патронатот на ОУ „Гоце Делчев“ - (Фото-галерија)

Мај 04, 2018

Со разигран, креативен и исклучително инспиративен хепенинг  ОУ „Гоце Делчев“-Битола,  денеска го прослави патрониот празник 4 - Мај.  Во дворот на училиштето  со однапред подготвена програма учениците се претставија пред многубројните гости, присутни родители и пријатели на школото, настапувајќи со  музичко -танцувачки точки.

 

Во еден дел по секции и наставни предмети училиштето ги изложи најдобрите изработки, трудови  и се’ она што учениците со големо  задоволство го изработувале на часовите во текот на годината.orekestar

31908954 380813875735318 7333345285675941888 n

31936679 380813852401987 5868113327174975488 n

Денот започна кога дел од учениците  положија свежо цвеќe пред бистата на великанот Гоце Делчев, во школската зграда, каде директорката на училиштето Зора Дамјанова им ги врачи наградите на најуспешните ученици на литературно-ликовните конкурси: „Најубавиот ракопис“ и „Планетата земја –наш заеднички дом“, а дипломи добија и други училишта од градот кои се вклучија во активностите  за одбележување на патронатот. Беше одржан и историски час за ликот и делото на  македонскиот национален херој, деец на Македонската револуционерна организација, Гоце Делчев.31789364 380813745735331 8549769453712179200 n

31890680 380813845735321 5242705070277001216 n

Синоќа во малата сала на Центарот за култура се одржа свечена академија на која настапија училишниот хор, музички солисти и рецитатори кои изведоа пригодна програма. Академијата беше дел од повеќето активности за одбележување на празникот што зборува за богатството од знаење што го нуди школото, за успесите и за плановите во иднина.  31911174 380813759068663 7471518489576996864 n

31906940 380813829068656 1253676420849205248 n

     

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани