2win800x200

„Едно кадро за мене, едно за историјата“ било мотото на браќата Милтон и Јанаки Манаки, кои со својот немирен дух ја измениле Битола. Балканската филмска историја почнала токму во Битола, градот со богата културна традиција, каде синоќа беше отворено јубилејното 40-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ и беа врачени наградите „Златна камера 300“ за животно дело на Едвард Лакман и „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ што ДФРМ му ја додели на композиторот Љупчо Константинов.

ИФФК „БраќаМанаки“ информира дека на еден ден пред почетокот на 40-тото јубилејно издание, во Македонија пристигна Едвард Лакман, годинашнит лауреат на Златна камера 300 за животно дело.

Американскиот кинематографер Ед Лакман (71) е годинешниот  лауреат на Златна камера 300 за животно дело на 40 –тото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, што ќе се одржи од 14 до 21 септември во Битола, соопштија на денешната прес конференција првите луѓе на фестивалот. 

Денес се навршуваат 40 години од првиот Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во тоа време наречен „Манакиеви средби“. На 23 и 24 септември 1979 година на манифестацијата беа презентирани краткометражни и долгометражни филмови од сниматели од цела Југославија, а беше организирана и тркалезна маса со познати филмски работници од сите тогашни центри на Југославија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани