2win800x200

За прв пат во село Долно Српци се гради парк. Со изградбата на овој парк и опремување на истиот со современа урбана опрема и хортикултурно уредување, овој дел од село Долно Српци ќе претставува уреден простор за одмор на жителите од оваа населено место.

“Жителите на село Долно Српци ќе добијат катче, комплетно уредено со урбана опрема, детски реквизити, осветлување и соодветно хортикултурно уредување. Ние како локална самоуправа ќе продолжиме со подобрувањето на условите за живот на граѓаните во населените места во Општина Могила.” - изјави Јасмина Гулевска, градоначалник на Општина Могила.

Изградбата на паркот во село Долно Српци е еден од предвидените шест паркови кои ќе бидат изградени во населените места во Општина Могила.

Од Општина Могила апелираат граѓаните да ги чуваат и одржуваат парковите, затоа што тие остануваат во нивна сопственост и за нивни потреби.

73322579 2608856492704782 1054351120400384000 n

73145422 2608856626038102 546202480069836800 n

Во 17 населени места во Општина Могила се реализира еко-акцијата за почиста Општина Могила, која беше во организација на локалната самоуправа, ЈКП Пела Хигиена и трите централни училишта од општината.

Градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска, задоволна од одзивот на граѓаните истакна дека со тимска работа може да се спорведат заеднички акции кои ќе остават позитивен печат за заедницата.

Веќе една недела горат атарите на селата Мојно, Путурус, Дедебалци, Лознани, Ивањевци, Беранци. Десет лица вработени во Општина Могила и ЈКП Пела хигиена веќе неколку дена се на терен на гаснење на пожарите во овие села, потврдува за Апла.мк градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска. Според неа четири напуштени куќи се опожарени во селото Путурус,  а денеска едвај е спасена од пожар куќа во селото Лознани.  

-Седум дена наши волонтери се на гаснење на пожарите заедно со пожарникарите во неколку села во Општина Могила. Се прават натчовечки напори да се справат со огнот, но по се изгледа тие не се случајни. Додека едни гаснат нови веднаш се палат, и тоа е крајно симптоматично. Дојдовме до ситуација ден и ноќ да ги чуваме старите манастири и цркви од нови пожари.  Затоа  ќе повикаме до надлежните да поведат истрага и да ги испитаат сите пожари поединечно. Одговорност мора да има да направената штета, изјави за Апла.мк градоначалничката Гулевска.  

И вечерва се активни неколку пожари во Општина Могила.

Гори ридот кај селото Лознани, Општина Могила.Читатели на Апла.мк кои патуваат од Прилеп кон Битола ни испратија фотографии од вечерва на кои се гледа дека огнот беснее, а чадот  го зафатил и патниот правец, Прилеп -Битола. Огнот е во близина на силосите и гори нискостеблеста шума и сува трева. Пожар вечерва и кај селото Српци и таму гори сува трева.

лознани 1

ии

Општина Могила денеска слави 23 години постоење.  Со домаќинско и одговорно работење општината станува подобро место за живеење, велат од локалната самоуправа.

-23. години ја градиме нашата општина,а јас како градоначалник на оваа општина, чувствувам одговорност да ги исполнам очекувањата на нашите сограѓани, а тоа се Општина Могила да биде подобро место за живеење.

Нашата општина може да продолжи да се менува уште повеќе само доколку се движи во соодветен правец и само доколку граѓаните придонесат во процесот на нејзината промена искрено и со убедување, чекор по чекор движејќи се кон правците на развојот, за еден ден да наликува на вистинска европска општина, рече на свеченоста градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска.

Градоначалничката Гулевска, заедно со претседателот на Совет, Александар  Јанкуловски, советници и вработените од општина Могила , вработени во ЈКП „Пела Хигиена“ и претседателите на месните заедници како и пензионерското друшво од општината положија  свежо цвеќе на спомениците Димче Могилчето, Захарија Шумљанска, Парашкев Цветков и Иљо Лопатички.

јассс

Во текот на оваа година во Општина Могила се изврши изградба и реконструкција на четири училишта. Подрачното училиште во село Ношпал каде што се изгради ново монтажно училиште со нова опрема и нова ограда околу училишниот двор

Во централно училиште во селото Добрушево во тек е изградба на нова фасада на училиштето, сменета е нова ПВЦ дограма и исто така поставен е и котел за  парно греење во училиштето.

За подрачно училиште во село Радобор направена е санација на кровна конструкција и промена на кровниот покривач, заменет е стариот под од штици со бетонска плоча со завршен слој од линолеум, се изгради санитарен чвор во склоп на училиштето, спуштени плафони, поставена е нова ПВЦ дограма со термопан стакла и направено е санирање со пребојадисување на цела фасада на училиштето како и изведба на комплетна електроинсталација.

Во подрачното училиште во Долна Чарлија поставена е нова дограма на дел од објектот, направена е санација и пребојадисување на фасадата на училиштето, изградени се нови санитарни чворови во објектот, се изврши санација на дел од кровот, се изгради нова бекатонска патека за пристап до школото а исто така е поставена нова електроинсталација.

За училиштата во селата Радобор и Долна Чарлија од буџетот на Општина Могила се издвоени вкупно финансиски средства од 2.388.682,3 денари. Од Генералниот конзулат на Република Бугарија е извршена донација од 2.452.320 денари, а за реализација на проектот беа извдоени дополните 63.637,7 денари од Буџетот на Општината, рече Гулевска.

јас 2

јас 3

Во текот на оваа година исто така работевме на изградба на канализациона мрежа и пречистителни станици. Го доизградивме Крак 3 на канализациона мрежа во село Могила. Општина Могила изготви  роектна документација и започната е реализацијата на проектот Пречистителна станица со дел од канализациона мрежа во населено место Добрушево.  Во тек на изведба е дел од крак на канализација со пречистителна станица во село Добрушево по договор со Изофас со вкупна вредност од 6.795.026 денари. Исто така имаме подготвено проектна документација за канализациона мрежа со пречистителна станица во село Ивањевци.

Во тек е изградба на патот помеѓу селата Српци и Беранци а за овој проект одобрени се финансиски средства во износ од 9.552.669 денари.

Оваа година со одлука на Комисијата за јавни дејности средствата предвидени за прослава по повод 23 години од постењето на Општина Могила во вредност од 60.000 денари, ќе бидат донирани за набавка на 90 столчиња по 30 за секое од трите централни училишта во општината, а исто така ќе бидат донирани 10.000 денари за црквата Св. Недела во село Могила.

Како што беше објавено во текот на минатата недела, во Општина Могила со поддршка на УСАИД, битолската млекара Бимилк и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде изградена агроекономска зона која ќе биде прва од ваков тип во нашата држава.

Општина Могила продолжува да чекори по ваквиот развоен пат настојувајќи да ги зајакне економските капацитети.

Општина Могила по 23 години од своето постоење е многу поблиску до европските стандарди - не само по урбаниот лик, туку и според развојот кој и обезбедува видно место на скалата на привлечни економски дестинации.

Општина Могила е формирана на 12.09.1996 година, со донесување на Законот за територијална поделба на Република Македонија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани