2win800x200

Фарамата на сточарот Пеце Шамбевски од пелагониското село Радобор е пример за европска сточарска фарма. На неа според европски стандарди се одгледуваат 160 крави кои дневно даваат по два и пол тони квалитетно млеко. На неговата фарма денес беше склучено партнерство за развој и воведување на интегрирана ветеринарна програма. Со потпишување на меморандум за соработка Здружението за рурален развој ЛАГ Агро Лидер, Ветеринарната комора на Македонија и Ветеринарниот факултет од Скопје отпочна иницијатива преку која на македонските сточари им се обезбедуваат нови локални услуги кои ќе ја зголемат нивната продуктивност и конкурентност.

Со средства од Центарот за развој на Пелагонискиот Регион отпочната е  четвртата фаза од партерното  уредување на коритото на река Шемница во вредност од 2.710.921 денари, објави градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска.

Со почетокот на нејзиниот мандат започнати се инфраструктурни проекти за изградба на патишта, израмнување на полските патишта, нови краци за водовод и канализација во повеќе населени места во општината.

-Економскиот развој на општина Могила и понатаму ќе продолжи со несмалено темпо, а со тоа и инвестициите во инфраструктурата и подобрувањето на условите за живот, вели Гулевска.

Снимено е промотивно видео за општина Могила по повод 22 годишнината од нејзиното основање. Воедно, со овој атрактивен видео материјал започнува и кампањата „Откриј ја општина Могила“ која има за цел да привлече што повеќе туристи да се запознаат со нејзините природни убавини, културни, историски и религиски обележја и со гостоплимливите жители. Како една од дестинациите се нуди село Лознани и манастирскиот комплекс посветен на Св.Кирил и Методиј и Св. Ѓорѓи.

На првоодделенците од Општина Могила, градоначалничката Јасмина Гулевска  им подели  училишен прибор.  Годинава 53 ученици - првоодделенци се запишаа во сите централни и подрачни училишта на територијата на општината.
Гулевска на учениците им посака успешна учебна година, со желби за многу здравје и најави дека и во наредниот период локалната самоуправа ќе инвестира во подобрување на условите во трите централни и сите подрачни училишта во општината.

За нов секретар на Општина Могила од денеска е назначен Ацо Тасевски, кој досега ја извршуваше функцијата раководител на одделението за урбанизам, комунални работи и ЛЕР како и функцијата претседател на комисијата за проценка на имот во Општината.

Тасевски функцијата ја добива со одлука на градоначалникот на Општина Могила, Јасмина Гулевска.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани