2win800x200

ОУ „Стив Наумов“ годинава го одбележа својот патрон празник во знакот на екологијата. Учениците на ликовниот и литературниот конкурс твореа на тема „Кажи ѝ гласно на планетата Земја“, со цел внимание да се сврти кон свесно размислување за тоа колку и како може да се продолжи животот на планетата Земја.

Со повеќе активности во наредниот период битолската Библиотека и основните училишта од Битола,  ќе ги одбележат месецот на екологијата и пристигнувањето на пролетта. По повод  19 Март – Светски ден на ластовичките и 22 Март – Светски ден на водите, в понеделник (19.03.2018)  со почеток во 12 часот во холот на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола,  ќе биде поставена тематска изложба на тема „Вода“ подготвена од учениците ОУ „Коле Канински“ – Битола. Исто така ќе биде промовиран и поставен Еко кодексот кој е подготвен од страна на учениците од ОУ „Климент Охридски“ – Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани