Со извонредниот концерт на Ningbo Symphony Orchestra од Народна Република Кина, синоќа во преполната сала на Центарот за култура во Битола започна 56. издание на Интернационалниот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“.
Публиката имаше ретка можност да ужива во настап на оркестар кој настапува на престижни светски сцени, а музиката уште еднаш покажа дека е универзален јазик што ги надминува границите, јазиците и културите.
Долгите аплаузи и исклучителната атмосфера беа најубавата потврда дека Битола знае да препознае врвна уметност и искрено да ја пречека.
Ова беше првата од многуте точки на поврзување што нè очекуваат во деновите пред нас фестивал што и оваа година ќе ја претвори Битола во место каде светот се среќава преку традицијата, музиката, играта и културата.
фотограф | Сашо Ставрев
