Се гради нов објект кај црквата Свети Спас над селото Маловишта

НОВ ОБЈЕКТ НА СВ.СПАС – упатуваме јавен повик за активно учество на сите планинари и љубители на природата во работните активности.

ЈУ Национален парк Пелистер во соработка со локалното население од с.Маловишта и со поддршка на други физички и правни лица, во текот на изминатиот викенд започна со подготвителни активности за изведба и поставување на нов објект веднаш до црквата Св.Спас(1886мнв) која се наоѓа под Врв Вртушка(2010мнв). Врвот Вртушка заедно со црквата Св.Спас се едни од најпосетуваните места во НП Пелистер и тоа во текот на целата година. Примарно објектот ќе биде во функција на сите посетители, а дополнително е планирано истиот да се користи и за поставување на опрема од страна на НП Пелистер во функција на заштита на природата и мониторинг на видови. Во текот на изминатиот викенд се вршеше транспорт на потребна граѓа со помош на анимали до самата локација на 1886мнв. Работните активности ќе продолжат и во текот на претстојните викенди. Со цел побрза реализација на предвидените активности, упатуваме јавен повик до сите планинари, љубители на природата и до сите верници кои се во можност да земат активно учество во работните активности. Заинтересираните волонтери да се пријават на следниот email: [email protected]

НАЈНОВО

НОВОСТИ
ПОВРЗАНИ