Битолските дечиња учат траење

Битолските дечиња учат ткаење!

Со многу љубопитност, креативност и насмевки се одржа детската ликовна работилница „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“, каде најмладите имаа можност да се запознаат со традиционалното ткаење и вредностите на македонското културно наследство.

Во работилницата учествуваа 75 ученици од 8 основни училишта, под водство на 19 ментори, а своето знаење и искуство несебично го пренесоа Лилјана Христовски, Весна Дунимагловска, Анкица Стевановска, Веселин Поповски, Тони Гламчевски и Вера Соклевска.

Работилницата заврши со проекција на етнографски филм, заокружувајќи едно инспиративно дружење во кое уметноста, образованието и културното наследство се споија во едно незаборавно искуство.

Традицијата е најжива тогаш кога ќе ја препознаат, ќе ја научат и ќе ја продолжат најмладите.

фотограф | Диоген Хаџи Коста Милевски

НАЈНОВО

НОВОСТИ
ПОВРЗАНИ

Концерт на “Ансамбл Македонија” во Битола

Наредните денови Офицерскиот дом-КИЦ Битола, ќе биде сценски простор...