Младите од „Етно Македонија“ пееја на македонски, дански, португалски

Во Битола – Младите од „Етно Македонија“ пееја на македонски, дански, португалски и други европски јазици, студенти, вљубеници во музиката и полиглоти од Србија, Босна и Херцеговина, Данска, Холандија, Турција, Белгија, Португалија, Шведска, Шпанија и од Македонија, музичкиот камп „Етно Македонија“ го завршија со концерт за паметење!
Битолското културно лето уште еднаш, како и многу пати досега беше исполнето со аранжмани за песни на многу јазици, со различни ритмови и со уште повеќе приказни, на младите од „Етно Македонија“.
Некои од учесниците студираат музија, некои математика, некои други научни области, но сите научија да изговараат и да пејат на македонски, дански, шведски, португалски, српски и други европски јазици на концертот што се одржа под менторство на Ангел Спироски од Македонија и Џули Грејн од Данска.
Учесниците на „Етно Македонија“ организирани од Музичка младина на Македонија, во рамки на проектот „Културен Хорологион“ беа запознати со културно историски знаменитости на Битола, локална понуда за културен туризам.
Фотографии: Сашо Ставрев

НАЈНОВО

НОВОСТИ
ПОВРЗАНИ