Кривична пријава за поранешен управител на фирма од Новаци – 19 месеци јавните набавки ги правела вработена на која му мирувал работниот однос

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Т.(47) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“.

Пријавениот, во својство на управител на правно лице од с.Новаци, на 29.05.2023 и на 29.12.2023 склучил договори за привремено вршење на услуги во однос на јавни набавки за вкупен период од 19 месеци со вработена на која работниот однос во правното лице било со решение за мирување на работен однос од 02.05.2023, и покрај тоа што во правниот субјект биле вработени две лица со валидни сертификати за лица за јавни набавки. На тој начин пријавениот го оштетил буџетот на правниот субјект во износ од 549.060 денари, информира МВР.

НАЈНОВО

НОВОСТИ
ПОВРЗАНИ

Снег на Пелистер среде лето!

Снег на Пелистер и во лето! Затоа Пелистер е...

Свечен настан „Меѓународното космичко право на македонски јазик: Од превод до дисеминација“

Меѓународното КОСМИЧКО ДВИЖЕЊЕ (МКД) – Битола и Националната установа –...

ВОДОВОД Битола соопштува – Континуирано вршиме контрола за безбедна и квалитетна вода

Континуирана контрола за безбедна и квалитетна вода за пиење ЈКП...