Битолчани масовно го посетуваат малото црквиче посветено на Светите чудотворци, безсребреници Кузман и Дамјан . Синоќа голем број верници нашите сограѓани беа да заплат свеќа за здравје и да се помолат зна светите врачи Кузман и Дамјан.
Параклисот се наоѓа во мал двор на улицата “Солинска“ број 114-а, во двор на битолчанец, кој не е православен верник, но тој два пати годишно ги отвара вратите на својот двор за сите православни верници од градот.
